14 Мај, 2024
0.0286

По надминувањето на ракот на дојка, учествуваше на два спортски натпревари, истрчувајќи вкупно 31 км.: Елизабета Цоневска отворено за борбата со канцерот

Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Елизабета Цоневска е вистинска инспирација за многумина, а особено за девојките и дамите кои се борат со подмолната болест, рак на дојка. Оваа инспиритивна дама е вистински пример за борец кој никогаш не се откажува, а според нејзините зборови, таа никогаш не ни помислила да се откаже: „Немав некои депресивни мисли, страв, патетика или сценарио како умирам, тоа беше исклучено уште од самиот почеток, само барав информации како оди редоследот за лекување“, потенцираше Бети. 

Таа по надминувањето на болеста учествуваше на 2 спортски натпревари, истрчувајќи вкупно 31 километар. 

Цоневска е успешна дама во приватниот сектор и жена која застанала храбро пред канцерот му се спротивставила со сите сили и можности и го надминала. Таа е мајка на две ќерки и баба на нејзиното како што го нарекува ќебапче, бајадерче, сонце, локумче, љубовче и цела вселена, нејзиниот внук Марин. Елизабета е и вљубеник во животните кои како што вели знае да ги собере од улица, ги лекува и вдомува. Во моментот како што ни откри дома имала 3 мачки (Живко, Лаки и Џуџу) и 2 кучиња (Рири и Буба). 

Оваа силна и за многумина инспиритивна жена во оваа нејзино прво интервју за Женски магазин ја раскажува својата приказна со канцерот на дојка. Од моментот кога дознала, операцијата, процесот на закрепнување, споделувањето со најблиските, па се‘ до учествувањето на двата спортски натпревари.

* Како и кога дознавте дека имате канцер?

- Минатата година 2021-ва, во февруари, на левата града напипав мала грутка. Веднаш закажав ехо и мамографски преглед, на кој испадна дека “нема ништо“, дека најверојатно се некои мали цисти кои се појавуваат поради пред-циклусниот хормонски дисбаланс во телото (со оглед на мојата возраст, тогаш имав неполни 48 години). По месец дена, побарав второ мислење кај друг радиодиагностичар, но за жал и таму го добив истиот одговор. Летото помина, а грутката ја чувствував дека е поголема, па повторно отидов на преглед... и повторно ништо не се гледаше... добив насоки за рестрикција во јадење - да избегнувам солено... На следната контрола, крајот на Октомври, конечно “цимерот“ во моето тело си го покажа своето лице и по извршената биопсија и Компјутерска Томографија, ги добив и “неговите“ лични податоци: Малигнен Хормонски зависен карцином во стадиум 3-а. 

Се сеќавам дека се расплакав само пред ќерка ми Ирина, кога на неа ѝ ја соопштував целата ситуација, а после тоа не пуштив ниту една солза, дури и до ден денес

* Која беше вашата прва мисла, кога ја слушнавте (прочитавте) дијагнозата?

- Првата мисла беше „... и сега што???“. Немав некои депресивни мисли, страв, патетика или сценарио како умирам, тоа беше исклучено уште од самиот почеток, само барав информации како оди редоследот за лекување. Ме советуваа дека најнапред е потребно да се изврши операционен зафат, а потоа да се примат хемотерапии. 

* Како реагираа најблиските, пријателите, роднините откако им соопштивте?

- Не им кажав на сите, само на оние кои најмногу ми значеа, а тие изреагираа доста прибрано, малку со резерва, но сепак со доста ентузијазам дека се’ ќе помине како во сон давајќи ми до знаење дека ќе бидат тука за било каква помош и поддршка. Се сеќавам дека се расплакав само пред ќерка ми Ирина, кога на неа ѝ ја соопштував целата ситуација, а после тоа не пуштив ниту една солза, дури и до ден денес. Целото интервју за Eлизабета за нејзината борба со канцерот, победата и животот прочитајте го на Женски магазин.


Можеби ќе ве интересира

„ЛА НИЊА” ОВА ЛЕТО НИ НОСИ ГОЛЕМИ ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Да бидеме подготвени на се, предупредуваат метеоролозите

„ЛА НИЊА” ОВА ЛЕТО НИ НОСИ ГОЛЕМИ ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Да бидеме подготвени на се, предупредуваат метеоролозите

ТАРАВАРИ СЕ НАДЕВА ДЕКА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА ЌЕ ГО ПОЧИТУВА УСТАВОТ И МЕЃУНАРОДНИТЕ ДОГОВОРИ: „Сѐ уште преовладува еуфорија од изборите“

ТАРАВАРИ СЕ НАДЕВА ДЕКА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА ЌЕ ГО ПОЧИТУВА УСТАВОТ И МЕЃУНАРОДНИТЕ ДОГОВОРИ: „Сѐ уште преовладува еуфорија од изборите“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции откако Силјановска Давкова ја изостави „Северна“, Грција споменува и можност за вето

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции откако Силјановска Давкова ја изостави „Северна“, Грција споменува и можност за вето

ДИК ОДЛУЧИ: Во Желино ќе има прегласување

ДИК ОДЛУЧИ: Во Желино ќе има прегласување

АРСОВСКА ДО ЏАФЕРИ: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

АРСОВСКА ДО ЏАФЕРИ: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

ЗАЕВ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Непочитувањето носи одговорност, но и сериозни последици

ЗАЕВ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Непочитувањето носи одговорност, но и сериозни последици

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС: Советникoт од СДСМ, Кирил Гајдов си поднесе оставка

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС: Советникoт од СДСМ, Кирил Гајдов си поднесе оставка

ВЕСЕЛА ЧЕРНЕВА: Teшко дека Северна Македонија ќе почне преговори со ЕУ

ВЕСЕЛА ЧЕРНЕВА: Teшко дека Северна Македонија ќе почне преговори со ЕУ

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Малолетнички нападнале соученичка и ја снимале

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Малолетнички нападнале соученичка и ја снимале