По потерницата, во раце на полицијата паднал уште еден „маскиран“ од крвавиот четврток во Собрание
Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2018
Неофицијално е уапсен уште еден осомничен по кој МВР трагаше со потерница.
Како што се пишува се работи за Младен Додевски кој беше дел од толпата која на 27 27 април лани упадна во Собрание.
За Додевски, како и за Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, Дејан Давидовски и Митре Питроповски кои се во бегство Кривичен суд побара притвори.
Сите се осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок на Македонија и за тешки насилства во Собранието на 27 април лани.