По рапидниот пад на температурите синоптичарите со добри вести
Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2017
Временските прилики за нијанса ќе се подобрат како во текот на денешниот, така и од понеделник. Денеска не очекува променливо облачно време. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието и на исток.
Минималните температури ќе се движат од 3 до 8, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 10 до 18 степени.
Во Скопје ќе биде умерено облачно, попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Температурите ќе се движат од 4 до 15 степени.
Од понеделник следува период на стабилно и суво време со пораст на дневната температура.