30 Април, 2024
0.0271

По што ќе биде запаметен Живко Митревски?

Објавено во: Македонија 15 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Живко Митревски повеќе не е претседател на ССМ и по 7 години на негово место доаѓа Дарко Димовски по речиси едногодишна борба со многу меѓусебно поднесени кривични пријави, решенија и поништувања на истите од страна на министрите за труд и социјална политика, за конечно по одлуката на Врховниот суд, решението на Мила Царовска и уписот во Централниот регистар да биде финиширана промената. 

Митревски како синдикален лидер остави впечаток во јавноста дека е близок до претходната власт бидејќи често ги поддржуваше сите владини мерки на ВМРО-ДПМНЕ дури и кога вработените и синдкалците се противеа. Најконкретен пример за погрешните чекори на Митревски е тоа што ССМ даде целосна поддршка за промените во законот кои ВМРО-ДПМНЕ ги донесе на почетокот на 2015 година со цел и хонорарците да плаќаат придонеси. Таа мерка доживеа тотален дебакл, двата месеца додека се спроведуваше настана хаос во системот, се водеа жестоки протести, за потоа Владата да се повлече целосно. 

Митревски како лидер на ССМ на секој 1 мај денот на трудот одбиваше да организира синдикални протести како работничките права во Македонија да се на исто ниво со Франција или западноевропските земји каде и покрај сите бенефиции синдикатите се премногу обединети и гласни. 

Меѓу последните авантури на Митревски кој не може да избега од сенката на ВРМО-ДПМНЕ се и критиките за стратегијата за бегалци за која според него не биле консултирани работодавачите во Македонија што е навистина чуден став за еден синдикален лидер. Живко Митревски од позиција претседател на ССМ често гостуваше и во провладините медиуми блиски до ВМРО-ДПМНЕ и потенцираше како претходната влада успеала да ја намали невработеноста во ист период кога работници гинеа на градилиштата. 

Огромни критики претрпе и со тоа што дозволи ССМ и синдикалното движење да добие партиска форма со потпишувањето на декларација за соработка со ВМРО-ДПМНЕ што беше вистински преседан. Тоа беше и пресудно четирите најголеми гранкови синдикати да го сменат од позицијата и да го изберат Дарко Димовски за в.д. претседател на ССМ кој најави реформи во синдикалното движење и посветеност на работниците, а не на политичарите.

Х.С.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање