ПО СИНОЌЕШНИОТ ИНЦИДЕНТ СЕ ОГЛАСИ МВР, во пукањето вклучен полицаец кој не бил на смена
Објавено во: Македонија 12 Март, 2023
По информациите дека синоќа во главниот град повторно имало пукање, со детали се огаси и Министерството за внатрешни работи.
Соопштуваат дека до пукањето дошло откако неколку лица му го блокирале патот на возило кое го управувало вработен во полицијата, а кој во тој момент не бил на работна задача.
Тој бил во возилото со уште други две лица, а со цел одбрана од лицата кои го стопирале, и кои почнале да ги тепаат, тој испукал неколку пати со службениот пиштол во воздух, по што напаѓачите избегале од местото на настанот.
- На 12.03.2023 од слобода се лишени Н.Б. и Е.Б. и задржани во полициска станица затоа што заедно со уште неколку лица. Околу 01 часот на ул. Х.Т. Карпош во Скопје, во близина на клучка Радишани, физички ги нападнале П.П. (полициски службеник кој не бил на работа), Д.К. и Ф.Г..
Според пријавеното, Н.Б., Е.Б. и М.С., кои биле со возило „бмв“, како и неколку лица кои биле со возило „цитроен“ му го блокирале патот на возилото „рено“ во кое биле П.П., Д.К. и Ф.Г. и почнале да удираат по возилото и физички ги нападнале.
Потоа П.П. испукал неколку пати во воздух од службениот пиштол, по што лицата кои биле со возило „цитроен“ се дале во бегство. На нападнатите им е пружена лекарска помош во Клинички центар Скопје. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот - се наведува во соопштението на МВР.
Фактор претходно објави дека синоќа дошло до пукање во близина на Бутел, при што две лица се префрлени на клиника.
Фото: Инфомакс.мк