ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ИЗМИР: Две деца по три дена извадени живи од под урнатините
Објавено во: Балкан 02 Ноември, 2020
Две девојчиња по 3 дена се спасени од под урнатините во Турција.
Спасено е 3-годишно дете во турскиот град Измир, каде имаше силен земјотрес, а од под урнатините е извадено и едно 14 годишно девојче.
За спасувачите ова е чудо. Медицинска помош добиле повеќе од 700 луѓе во Измир, а утрово е спасено и тригодишното девојче, Елиф Перинчек, кое поминало 65 часа под урнатините.
Спасувачките екипи продолжуваат да трагаат во осум други згради. Досега, 106 лица се извлечени од урнатините.
Повеќе од 3.500 шатори и 13.000 кревети им се на располагање на преживеаните како привремено засолниште.
Ова е најсмртносен земјотрес за период од 10 години.
Во потресот загинаа повеќе од 85 луѓе.
Земјотресот со јачина од скоро 7 степени ги стресе Турција, но и Грција.
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган рече дека ќе бидат изградени нови куќи за оние што ќе останат без покрив над главата што е можно поскоро.
Земјотресот направи големи штети.
Денеска имаше повеќе од 15 слаби потреси во Турција.