29 Април, 2024
0.0293

Победнички пат: Новата Opel Corsa е „компаниски автомобил на годината“

Објавено во: Мои пари 17 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

• „Малиот“ Opel со децении мобилизира милиони луѓе

• Corsa ја прави технологијата достапна за секого

• Шестата генерација, исто така е достапна како целосно електрична верзија

Риселхајм. Техничар, курир или извршен директор - сите видови на професии возат автомобили што им се доделени од компанијата. Но, кој е најдобриот? Auto Bild го постави ова прашање и читателите на списанието одговориле: новата Opel Corsa. „Малиот“ Германец е изгласан за „Компаниски автомобил на годината“ во категоријата на мали автомобили. Ова е прва награда од медиум што ја освои шестата генерација на Corsa, која беше претставена на меѓународниот автомобилски саем ИАА Франкфурт во септември.

„Заедно со Astra, моделот Corsa е нашиот најважен модел во Европа“, рече Харалд Хампрехт, потпретседател за комуникацијата на Opel на доделувањето на наградата „Компаниски автомобил на годината“ во Берлин. „Опел ја прави достапна мобилноста веќе 120 години. Ние ги правиме пионерските технологии достапни за секого. Тоа е она за што се залагаме, тоа е она што се залага и новата Corsa, а нашите клиенти го ценат тоа - особено во областа на компаниите“.

Автомобил за милиони луѓе уште од 1982 година

Во зависност од верзијата, Opel Corsa (која собра 22 % од гласовите за „Компаниски автомобил на годината“) е идеална за поединци и двојки, како и за возачи на автомобили во рамките на компанијата и за семејства. Околу 14 милиони единици произведени за 37 години го докажуваат тоа. Corsa за прв пат се приклучи во понудата под модело Kadett во 1982 година. Corsa А, која првично беше замислена за купувачи кои прв пат купуваат возило и за оние со економичен буџет, стана бестселер, достигнувајќи продажба од 3,1 милиони до 1993 година. Шестата генерација на практичната, стилска и динамична Corsa ја имаше својата премиера на меѓународниот автомобилски саем ИАА Франкфурт во септември 2019 година. За прв пат е достапна и целосно електрична верзија. Corsa-e е идеално опремена и за секојдневно возење.

Читателите на Auto Bild го избраа компанискиот автомобил на годината по втор пат. Избираа од возила во седум категории, од мали и компактни автомобили до луксузни автомобили и плаг ин хибриди.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг