16 Мај, 2024
0.0505

Победници или лузери, берзанската година не носи надеж за поарно!

Објавено во: Анализа 20 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Минатата година на Македонската берза, се свртеле вкупно 52,5 милиони евра. Тоа е за 42,2 % помалку во однос на 2012 година, кога на берзата поминале 91 милион евра. Според официјалните податоци од Македонската берза дневно се вртеле по 140 800 евра, што е за 22% помалку од претходната година, кога просечниот дневен промет изнесувал 182 100 евра. Најголемиот дел од вкупниот промет на берзата отпаѓа на официјалниот пазар. Или според податоците од бразата 57,17% од прометот е направен на официјалниот пазар, 25% е во блок трансакции, а останато е на редовен пазар, јавни берзански аукции и јавни понуди на харти од вредност. Намален бил и бројот на трансакции. Односно лани имали 13 585 трансакции што е за 9,14% помалку од претходната година. Пад има и кај пазарната капитализација која на крајот на годината изнесува 1,6 милијарди евра и има пад од 9, 11% во однос на претходната година. Раст од 0,44% за една година има кај МБИ-10 и изнесува 1,738,86. Еве како изгледаше прометот на берзата по години Промет по месеци во 2013 година Најголем дел од прометот, минатата година на берзата бил направен во декември, кога беа атрактивни превирањата во Фершед. Тогаш е направен 20% од вкупниот промет на берзата за цела година, односно само во декември на берзата се свртеле 10,7 милиони евра. Во јули на берзата се свртеле 11% од вкупниот промет , во мај 10% како и во јуни кога поминале истоп така 10% од вкупниот промет на берзата. Најслаби месеци била април и авгуист кога се истргувале по 4 до 5% од вкупниот промет на берзата. Пет најтргувани акции во 2013 година Лани, најмногу се тргувало со акцијата на Комерцијална банка. Истргувани се вкупно 124 267 акции за вкупна сума од 4,3 милиони евра. Следна на листата е акцијата на Алкалоид. Истргувани се 49 131 акции за вкупна сума од 3,4 милиони евра. Минатата година истргувани се 961 акција од Фершпед за сума од 2,0 милиони евра. За 1,3 милиони евра, лани на берзата биле продадени 5,280 акции од нафтената компанија Макпетрол. Од Македонски Телеком биле продаде 179 768 акции за вкупна сума од 1,2 милини евра. Пет акции со најголем раст на цената во 2013 Минатата година акцијата на Фершпед, проследена со превирањата околу превласта во компанијата доживеа најголем раст. Односно, се зголеми за 328%. Или лани просечната цена на акцијата во оваа компанија изнесуваше 175 651 денари, а претходната година просечната цена на акцијата изнесуваше 41 000 денари. Цената на акцијата на Тутунски Комбинат-Прилеп се зголеми за 233%. Односно проесечната цена на акцијата лани изнесуваше 450 денари, а претходната 20112 година просечната цена на Комбинатот изнесуваше 135 денари. Следна на листата акции со најголем скок е акцијата на Макпетрол. Цената порасна за 110%. Односно проесечната цена на акцијата минататат година изнесуваше 25 280 денари, а претходната година една акција на оваа компанија чинеше 12 000 денари. Акцијата на Витаминка Прилеп, порасна за 67%. Една акција на оваа компанија лани се продаваше по просечна цена од 5 010 денари а претходната година просечната цена на акцијата чинеше 3000 денари. За 44% порасна вредноста на акцијата на Тетекс Тетово. Односно лани, една акција од компанијата се продаваше по просечна цена од 460 денари, за разлика до рпетходната година кога се продаваше по просечна цена од 319 денари. Пет акции со најголем пад на цената во 2013 година Губитник на годината е акцијата на Охис. Вредноста падна за 72,31%. Односно ецната на акцијата лани се продаваше за 18 енари, за разлика од претходната година кога просечната цена на акцијата на некогашниот хемиски гигант изнесуваше 65 денари. Втора на листата акции со најголем пад на вредноста е акцијата на Жито Лукс Скопје. Вредноста на акција за една година се намали за43,40%.Или една акција лани се продаваше по просечна цена од 90 денари, за разлика од претходната година кога една акција од оваа компнија се продаваше по просечна цена од 150 денари. Акцијата на Топлификација изгуби 39,97% од својата вредност за една година.Или лани просечната цена на акцијата на окомпнијата изнесуваше 918 денари за разлика од годината претходно кога акцијата се продаваше по просечна цена од 1 530 денари. Вредноста на акцијата на Комерцијална Банка се намали за 25,8% за една година. Односно лани се продаваше по просечна цена од 1 789 денари, за разлика од претходната година кога се продавше по просечна цена од 2 414 денари. Поголем пад имаше и вредноста на акцијата на Скопски пазар. Вредноста за една година се намали за 21,9%. Акцијата на компнијата лани се продаваше по просечна цена од 3 200 денари, за разлика од претходната година кога се продваше за 4 100 денари. Колку вредат македонските компании кои котираат на берзата Сите поголеми македонски фирми, односно котираните друштва на Македонската берза вредат колку една поголема светка компанија. Или според последните податоци од годишниот извештај на берзата покажува дека пазарната капитализација на котираните друштва изнесува 1,5 милијарди евра. Компанија                                                                            Пазарна капитализација Македонски телеком                                                        608,0  милиони евра Цементарница Усје Скопје                                                  119,0  милиони евра Алкалоид                                                                               104,0  милиони евра Комерцијална Банка                                                               66,3 милиони евра Фершпед                                                                                  51,7 милиони евра Стопанска Банка-Скопје                                                        48,8 милиони евра Макпетрол                                                                               46,1 милиони евра Тутунска Банка –Скопје                                                         31,9 милиони евра Македонија Турист- Скопје                                                    24,6 милиони евра Осигурување Македонија АД Скопје, Виена Иншуренс Груп      23,3 милиони евра Реплек                                                                                      19,8 милиони евра Макстил                                                                                    19,0 милиони евра Гранит                                                                                      18,0 милиони евра останатите компании имаат пазарна капитализација помала од 16 милиони евра Н.С.