15 Мај, 2024
0.0281

ПОЧИНА СОПСТВЕНИКОТ НА СЛОВЕНЕЧКАТА ВИНАРИЈА , ВЛАДИМИР ПУКЛАВЕЦ - пријателите се простуваат на социјалните мрежи

Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Почина Владимир Пуклавец, сопственик на Винаријата Пукловец од Словенија. 

Н социјалните мрежи се изразува сочуство. 

“Со големо неверување ја примив веста дека повеќе те нема драг Владо. Нека ти е светол патот, Македонија и Словенија изгубија голем човек. Беше првиот странски инвеститор кој веруваше во винарството (и покрај се) во потенцијалите на Македонија. Човек кој пред се и покрај се живееше за и со виното. Твоите добри дела секогаш ќе се паметат. Засекогаш ќе бидеш запаметен. Почивај во мир. Ти благодарам за се, вечна ти слава“, напиша на социјалните мрежи Дане Јованов.

Инаку, винаријата Пуклавец е најголемата винарија во Словенија која произведува 4,2 милиони литри вино годишно. Нивното вино се извезува во 26 земји, а од 2011 година имаат винарија и во Македонија – Дисан Хилс Неготино. Сопствениците на винаријата имаа само пофални зборови за квалитетот на македонското грозје. 

Љубовта на семејството Пуклавец кон виното може да се следи од 1934 година во Словенија. Мартин Пуклавец имаше визија: заедно да ги правиме најдобрите вина. Оваа филозофија продолжува да резонира преку семејното производство на вино денес. Семејните вина Пуклавец се водени од основните вредности на страста, напорната работа и посветеноста на квалитетот. Владимир Пуклавец и неговите две ќерки, Татјана и Кристина работат заедно, заедно со другите лозари, со решеност да продолжат со стремежот кон визијата на нивниот (дедо) татко.

Вината од семејството Пуклавец се произведуваат во срцето на Љутомер-Ормож, винарска област во регионот Подравје, во североисточниот дел на Словенија. Оваа област обезбедува совршени микроклиматски услови за одгледување грозје. Резултатот се елегантни вина, изработени со бескомпромисно и страсно внимание на деталите, убаво избалансирани и експресивни како пејзажот на нашите лозја“, стои на веб страната на компанијата.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски