04 Мај, 2024
0.0246

Почитувањето на сообраќајните правила и прописи, гаранција за безбеден сообраќај

Објавено во: Мои пари 26 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Сите ние секојдневно сме учесници во сообраќајот и секојдневно сме сведоци на голем број негативни примери на непрописно и опасно учество во сообраќајот, непочитување на сообраќајните правила и прописи, непочитување на поставената сообраќајна сигнализација, ниско ниво на култура, етика, толеранција и ниско ниво на меѓусебно почитување помеѓу учесниците во сообраќајот. 

Ваквата состојба резултира со голем број на сообраќајни незгоди и голем број на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди.

Анкетите на РСБСП покажуваат дека околу 50% од возачите не секогаш ги почитуваат сообраќајните знаци и поставената сообраќајна сигнализација. 

Согласно тоа, РСБСП  со потсетување до возачите за дел од одредбите во ЗБСП кои се особено важни за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот: 

•  На патиштата во Република Северна Македонија, задолжително е да се користат светла за осветлување на патот, и дење и ноќе. Непочитување на оваа законска одредба се санкционира со парична казна (глоба)   од 15 ЕУР (дење), односно 35 ЕУР (ноќе). 

•  Возачот секогаш е должен да ја прилагоди брзината според условите во кои се одвива сообраќајот и според состојбата на патот. Брзината на движење, на патиштата во Република  Северна Македонија, е ограничена и тоа: 

-     130 км/час на автопат

-     110 км/час на пат резервиран за моторни возила

-     90 км/час на останатите патишта

-     Најголема дозволена брзина во населено место е  50 км/час.

Непочитувањето на оваа законска одредба во зависност од големината на                                        пречекорувањето се санкционира со парична глоба од  10 до 400 ЕУР.

• Влечење неисправно возило на јавен пат мора да се врши на пропишан начин, односно со јаже, крута врска, или потпрено или натоварено на влечното возило.

  Непочитување на оваа законска одредба се санкционира со парична глоба од 45 ЕУР.

•  На автопат и на пат резервиран за моторни возила, забрането е влечење неисправно возило, освен ако неисправноста е настаната на тој пат. Mеѓутоа, влечењето ќе се врши само до првиот исклучок од автопатот или патот резервиран за сообраќај на моторни возила.

•   Возилото што влече неисправно возило не смее да се движи со брзина поголема од 40 км/час.

•   Во Република  Северна Македонија, користењето сигурносен појас во возилото е задолжително не само за возачот, туку и за лицата кои се превезуваат во возилото. Употребата на појасот е задолжителна за патниците на  сите седишта кај кои фабрички е вграден сигурносен појас.

За непочитување на оваа законска обврска предвидена е парична глоба во износ од 40 ЕУР за возачот, односно 50 ЕУР за лицата кои се превезуваат во возилото.

•  Дозволено количество алкохол во крвта кај возачите изнесува 0,5 промили. Кај професионалните возачи и возачите почетници не е дозволено никакво количество алкохол во крвта (0,0 промили).

   Глобата за непочитување на оваа законска обврска изнесува од 225 до 375 ЕУР.

•  На предното седиште во возилото не смее да се превезуваат деца до 12 годишна возраст и лица кои се под дејство на алкохол.

 За непочитување на оваа одредба од Законот, предвидена е парична глоба во износ од         35 ЕУР.

•  Возачот додека го управува возилото не смее да користи мобилен телефон. 

 За непочитување на оваа законска одредба предвидена е парична глоба во износ од 40 ЕУР.

•  Возачот кој учествува во сообраќајна незгода во која има загинато или повредено лице или настанала голема материјална штета, не смее да го напушти местото на незгодата, освен ако укажува помош на лицата настрадани во незгодата.

 За непочитување на оваа законска одредба пропишана е парична глоба во износ од 250 ЕУР.

•  Возачот кој ќе се затекне или наиде на место на кое е случена сообраќајна незгода, должен е на барање на полицискиот службеник да го превезе лицето повредено во сообраќајна незгода до најблиската здраствена установа.

За непочитување на оваа законска одредба предвидена е парична глоба во износ од 250 ЕУР.

•  Дете помало од 5 (пет) години, на задното седиште од возилото, смее да се превезува, во поставено посебно детско седиште, кое за седиштето од возилото е прицврстено со сигурносен појас или на друг соодветен начин. 

На предното седиште од возилото смее да се превезува дете до 2 (две) години, ако возилото нема заштитно воздушно перниче или ако воздушното заштитно перниче е исклучено и ако детето се превезува во посебно детско седиште поставено спротивно од правецот на движење на возилото, при што истото е прицврстено на седиштето на возилото со помош на сигурносен појас со три точки на поврзување.

За непочитување на оваа законска одредба предвидена е парична глоба во износ од 35 ЕУР.

РСБСП со апел: Возете одговорно и внимателно, почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и  уживајте во патувањето и пристигнете безбедно на саканата дестинација.


Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото