27 Април, 2024
0.0400

Почна „Глобалната недела на пари“ во Македонија

Објавено во: Финансии 10 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Александар Линин, најдобриот ученик од четврта година во Средното економско-правно училиште „Васил Антевски – Дрен“ симболично го удри ѕвончето на Македонската берза и го значи старот на Глобалната недела на пари во Македонија. Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, секој човек некогаш се соочува со прашањето дали и како да вложи одредена сума пари.
„Одредени истражувања покажуваат дека речиси половина од луѓето во некоја фаза имаат финансиски проблеми и за нив најчесто не се обраќаат до финансиските експерти, туку повеќе разговараат меѓу себе, со колегите на работа и семејството. Затоа е потребно да се подигне степенот на финансиска едукација за сите генерации, почнувајќи од децата во основно образование“, рече Ставрески.
Управувањето со парите  е иста одговорност како и управувањето со сопственото здравје - колку подобро тоа го правите, толку полесно ќе ви биде во животот и ќе имате помалку финансиски проблеми, порача Ставрески. Главниот извршен директор на Македонската берза Иван Штериев смета дека еден од основните предуслови за да се зголеми финансиската инклузија е да се подобри едукацијата на младите и на децата за правилата на финансискиот пазар.
„Во една пазарна економија, настаните на Берзата и околу неа се едни од најважните економски феномени. Постои глобален консензус дека е потребно нивото на финансиска едукација и писменост во светот да се подобрува“, рече Штериев.
Во рамките на Глобалната недела на пари, 30 најдобри ученици од училиштето добија можност да тргуваат на Виртуелната берза, едукативен портал на Македонска берза, кој е симулација на вистинското тргување. Ученикот кој по еден месец тргување ќе постигне најдобар резултат ќе добие награда – бесплатна обука во Македонската берза за принципите на пазарите на капитал. Слична активност од денеска има во 17 берзи низ светот меѓу кои и берзите во Париз, Лондон, Берлин и Стокхолм. Главниот извршен директор на Македонската берза, Иван Штериев посочи дека еден од основните предуслови  за да се зголеми финансиската инклузија е да се подобри едукацијата на младите и на децата

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат