13 Мај, 2024
0.0291

Почнува садењето тутун во Прилепско

Објавено во: Агробизнис 30 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Поинтензивно во другите населени места, а потоа и во градот расадувањето ќе биде по велигденските празници, информираат од Сојузот на тутунските здруженија на Македонија. - Расадот е добар, полека почнува садењето на тутунот во прилепско, а поинтензивно по празниците. Главно, годинава за 20 насто е поголем интересот за оваа индустриска култура, вели Данчо Милески, претседател на Сојузот. За годинава во земјава се подигнати 33.090 евидентни листови од подрачните единици на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, што е за 4.000 повеќе од ланските 29.090 евидентни листови кои се виза за производството. Само во Прилепско се подигнати 11.600 што е за 2.000 повеќе од лани. Според Сојузот, потпишани се и договорите со откупните претпријатија. Во нив за 4 до 5 насто се зголемени цените по класи. Во споредба со ланското производство од 27.000 тони, годинава се очекува реколта од околу 30.000 тони тутун.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?