29 Април, 2024
0.0259

ПОЧНУВААТ КАВГИТЕ ЗА ЕКОНОМИЈАТА - министерката Ангеловска ќе го брани првиот свој буџет

Објавено во: Финансии 24 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Најзначајниот економски документ, буџетот, од утре е на разгледување на матичната собранска Комисија за финансирање и буџет. Точката за предлог буџетот е веќе ставена на дневен ред на комисијата.

Министерката за финансии Нина Ангеловска ќе има прилика да го брани пред народните избраници првиот свој буџет, откако годинава тоа го стори со ребалансот на годинашнава државна каса. 

Таа ќе треба на опозициските, но и на владејачките пратеници, да им објасни зошто е најдобо 3,9 милијарди евра народни пари да се потрошат на начин на кој тоа го скроија владините министри, и да ги убеди дека економските политики и мерки што ги планира власта ќе вродат плод за подобар животен стандард на граѓаните, но и за поповолни услови за работа на компаниите.

Согласно Деловникот за работа на Собранието, вообичаено за расправа на Комисијата за буџет на пратениците им се дадат на располагање 10 дена, од кои пет за општа дискусија, а пет за расправа и гласање по амандманите. 

Според нашите сознанија, пак, на 16 декември е предвидено предлог буџетот за идната година да се најде на пленарна седница на Собранието, каде пратениците имаат на располагање уште пет дена да дебатираат, а потоа и да гласаат за националната каса. 

А опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе го „нападне“ предложениот буџет за идната година со голем број амандмани, најверојатно меѓу 300 и 400 предлози за корекции на владината верзија за тоа како идната година треба да изгледа националната каса.

ВМРО-ДПМНЕ годинава најмногу ќе се концентрира на ниските капитални инвестиции, за кои Владата идната година предвидува сума од 383 милиони евра, или, како што велат, целосниот недостиг од капитални инвестиции. 

„Со амандманите ќе бараме за капитални инвестиции да се издвојат поголеми суми, а парите за таа намена да се префрлат од високо предвидениот износ за договорни услуги, како и од другите непродуктивни трошоци што ги бара власта“, велат од опозициската партија. 

Власта минатата година првично предвиде сума од над 400 милиони евра за капитални расходи, но со оглед што постојано има нивно потфрлање, реши оваа година да ги проектира на, како што наведе, реални основи.

Инаку, Буџетот за идната година е предвидено да тежи 3,9 милијарди евра, што е најголем буџет досега, а се базира на планиран раст од 3,8 отсто, и буџетски дефицит од 2,3 проценти од БДП.

( Н.Н.Ф.)

Можеби ќе ве интересира

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците