28 Април, 2024
0.1798

Поддршка на конкурентноста на МСП преку програмата на ЕБОР и грантови од ЕУ

Објавено во: Финансии, Мои пари 23 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Програмата за поддршка на конкурентноста на мали и средните претпријатија за Северна Македонија e кредитна линија спроведена заеднички од Европската банка за обнова и развој ЕБОР и Европската унија.ЕБОР обезбедува средства за кредит, додека ЕУ обезбедува грант и бесплатна техничка помош.Целта на Програмата е да го зајакне капацитетот на малите и средни претпријатија (МСП) за пристап и соочување со конкуренцијата на пазарите во Европската Унија (ЕУ).

Програмата е дизајнирана да овозможи поддршка на имплементацијата на стандардите на ЕУ на ниво на МСП во областа на заштитата на животната средина, здравје и безбедност на вработените и квалитет и безбедност на производите.

За оваа цел Програмата - финансиски инструмент, комбинира кредитна линија од страна на ЕБОР пласирана преку локални Банки учеснички, грантови во вредност од 15% и бесплатна техничка поддршка финансирани од страна на Европската Унија.

Програмата е структурирана преку два основни пристапи.  Првиот е пристап вклучува едноставни подобни проекти до 150.000 Евра, однапред одобрена опрема за финансирање (на пример: камиони, производство и преработка на храна, индустриска помошна опрема, processing equipment, фотоволтаични панели, итн.). 

Вториот пристап е за покомплексна инвестиција: опрема, градежни активности итн. За овие под-проекти, консултантот во тесна соработка со компанијата изработува Инвестициски план (ИП).

За да аплицираат за Програмата, заинтересираните компании ќе треба да го достават пополнетиот формулар за пријавување (кој може да се преземе од веб-страницата www.web-sme-csp.com ) на една од 4-те партнерски банки: Охридска банка, Шпаркасе банка, Комерцијална банка и ПроКредит Банка.

Програмата е наменета за локалните приватни мали и средни претпријатија (според ЕУ дефиницијата), трговци поединци или друго правно лице формирано според законите на Северна Македонија, односно лица регистрирани како претприемачи или кои се занимаваат со економски активности кои работат во согласност со законите на Северна Македонија.

Речиси сите компании можат да аплицираат за заем во рамките на Програмата, во кумулативна вредност до 1 милион евра, исплатени во еден или повеќе кредити.

Бесплатни технички совети се обезбедени од меѓународни и локални експерти за проектниот објект на инвестицијата со цел да им помогнат на малите и средни претпријатија да најдат најдобро решение за исполнување на директивите на ЕУ, да станат конкурентни во нивната трговија со партнери од ЕУ и да ја зголемат својата профитабилност преку повисок квалитет на производите и услугите.

Речиси сите подобни инвестиции во Програмата вклучуваат или намалување на потрошувачката на енергија, или намалување на емисиите на гасови (GreenHouse Gases - GHG).

Во моментот, исплатeни се повеќе од 16.5 милиони евра за 75 проекти. Секторите се доста различни и покажуваат дека Програмата може да се користи од различни типови  на компании. Успешните приказни вклучуваат производство: сектор за дрво, стакло, украсни камења, пластика, исто така, бетон. Потоа, транспортниот сектор - имавме инвестиции во камиони; храна и пијалоци - имавме инвестиции во бисквити, нафора, текстилна индустрија, подобрување на медицинските услуги, заштита на животната средина преку разни проекти итн.

Аплицирајте денес и направете го вашиот бизнис поконкурентен на локалниот и европскиот пазар!

Можеби ќе ве интересира

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот