26 Април, 2024
0.0451

Поднесени 290 барања за субвенции за печки на пелети

Објавено во: Мои пари 17 Март, 2017

Добивај вести на Viber

На јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на град Скопје за купување печки на пелети кој заврши на 13.03.2017 година поднесени се вкупно 290 барања од граѓаните, соопштија денеска од град Скопје.

Оттаму информираат дека комисијата за спроведување на постапката за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети е на терен и врши увид во документацијата и локациите каде што ќе бидат заменети старите печки на дрва, јаглен, нафта и мазут и ќе бидат поставени новите печки на пелети.

Овој проект е дел од мерките кои Градот Скопје ги презема заради подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух преку заеднички активности на локалната самоуправа и граѓаните.

На минатиот Јавен повик, кој беше објавен во 2016 година,  беа доделени 196 субвенции на граѓаните, за што беа издвоени 5.896.000 денари од Буџетот на Град Скопје. Поради големиот интерес кој го покажаа граѓаните за овој тип субвенции,во 2017 година во Буџетот на Град Скопје се предвидени 10 милиони денари.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“