19 Мај, 2024
0.0281

Поднесено е обвинение против Лидија Димова за злоупотреба на европски пари

Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Обвинение e покренато за поранешната директорка на Агенцијата за образовни програми, Лидија Димова за злоупотреба на европски пари. 

Освен Димова, обвинителен акт ќе има и против благајничката на агенцијата и надворешен соработник. Според Обвинителството, тие направиле штета на средствата со кои Европската заедница од околу 320.000 евра. Димова во периодот од 2018-2020 година ја злоупотребила службената положба и без да објави јавен конкурс склучувала договори со надворешни лица и ги ангажирала како соработници, што е спротивно од Законот за јавни набавки.

Во 2018 година, Димова во пет наврати постапила спротивно  на начелото за економичност, ефикасност и ефективно користење на парични средства сопственост на Буџетот на РСМ или средства со кои управува Европската заедница или се управува во нивно име, не објавила оглас за јавни набавки, не ги почитувала општите правила и не спровела постапки за јавни набавки од делокругот на тековното работење на Агенцијата, туку склучувајќи договори со четири правни лица им овозможила на истите да се стекнат со имотна корист. На надворешниот соработник пак, преку агенцијата му биле исплатени околу 58.000 евра со тоа што прикажувал лажни податоци преку обрасци со објаснување дека тоа му е аванс за службено патување. Оваа сума на пари му била исплатена преку третообвинетата, односно благајничката во агенцијата. Благајничката пак обвинителството ќе ја гони затоа што му ги исплаќала парите, иако немале потпис од Димова ниту соодветна документација. Пред повеќе од година и половина Димова беше разрешена од директорската функција. 

Можеби ќе ве интересира

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места