Погреб на Амфилохије: Обезбедени се маски, граѓаните го бакнуваат починатиот
Објавено во: Балкан 01 Ноември, 2020
Митрополитот Црногорско и приморски, Амфилохије, денеска ќе биде погребан во Соборниот храм во Подгорица.
Претходно, ковчегот со телото на митрополитот е изложено во Соборниот храм, а верниците му оддаваат последна почит.
Погребалната литургија на Светиот архиереј ќе ја служи патријархот Иринеј со неколку архиереи, а по литургијата ќе се одржи богослужба и ќе биде извршен погреб.
Како што јави Телевизија Вијести, на погребот ќе зборуваат писателот и академик Матија Бешковиќ, Српскиот патријарх Иринеј, епископот Будво-Никшиќ Јоаникије, мандатарот Здравко Кривокапиќ и претседателот на Парламентот на Црна Гора, Алекса Бечиќ.
И Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе присуствува и на погребот на митрополитот Амфилохије.
Митрополијата Црна Гора и Приморскиот крај упатија апел до сите оние кои сакаат да му оддадат почит на покојниот митрополит Амфилохије да се придржуваат до пропишаните мерки заради епидемиолошката состојба, да носат маски и да одржуваат физичка дистанца.
Митрополијата обезбеди 5.000 маски што ќе им бидат поделени на оние што ги немаат.
Вчера граѓаните му оддадоа почит на починатиот митрополит во текот на целиот ден во Соборниот храм.
Вчера лекарката на Клиничкиот центар на Црна Гора, Невенка Павличиќ, побара од претседателот на Националното координативно тело (НКТ) да издаде наредба за затворање на ковчегот на митрополитот Амфилохие, проценувајќи дека ритуалот во кој илјадници луѓе го бакнуваат неговото тело е легло на зараза.
„Не знам колку сте моќни, но знам дека сте обврзани да се однесувате кон сите нас, граѓаните на Црна Гора, како еднакви во секое време, затоа што сте претседател на НКТ, изјави Павличиќ.
Амфилохије почина во петокот, откако беше примен во Клиничкиот центар во Подгорица на 6 октомври, каде што му беше укажана лекарска помош поради компликации поврзани со Ковид-19.