17 Мај, 2024
0.0273

Појадок Брегзит на мени, никој не го нарачува

Објавено во: Стил 27 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Ресторан во Кардиф стави на менито посебен Брегзит појадок, што од разбирливи причини никој од гостите не сака да го нарача, пишува „Дејли мирор".

Сопственикот на локалот „Валис деликатес", Стивен Салмон нуди на посетителите Брегзит комбинација од чаша вода и кришка стар леб  за само 10 фунти.

Менито беше испишано со креда на табла, поставена пред ресторанот, кој се наоѓа во трговската дел на Кардиф, главен град на Велс. Вработените во локалот коментираа дека сите тие биле разочарани од исходот на референдумот за излез на Велика Британија од ЕУ.

Со нашето специјално мени се обидовме да направиме да се погледне на работите во хумористичен ракурс, појаснија од „Валис деликатеси".