Полицаец бил нападнат на Бит Пазар
Објавено во: Македонија 04 Април, 2022
МВР соопшти дека синоќа на Бит Пазар во Скопје бил нападнат полицаец додека бил на работна должност.
„На 03.04.2022 во 21:30 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Н.Ј.(39) од Скопје, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија“, соопштено е во полицискиот билтен.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против напаѓачот.