Полицаец херој - Гушнал бомбаш самоубиец пред експлозијата
Објавено во: Свет 20 Ноември, 2017
Младиот полицаец Сајед Пача од Авганистан е прогласен за херој откако загина гушкајќи бомбаш самоубиец со цел да спречи поголемо ширење на експлозијата.
Полицаецот херој забележал сомнително лице како се упатува кон толпа луѓе во Кабул и му наредил да застане, но бомбашот не го послушал. Моменти пред детонацијата на бомбата Сајед го гушнал бомбашот и до одреден степен ја ублажил експлозијата во која 14 луѓе го загубија животот, а уште десетина беа повредени.
Според експертите доколку Сајед не реагирал на овој начин бројот на жртви би бил многу поголем со што успеал да спаси повеќе животи. Бомбашот самоубиец бил член на ИСИС.