18 Мај, 2024
0.0431

ПОЛИЦАЈЦИТЕ СЕ „ОМРСИЈА“ - министерот Спасовски се пофали со зголемената мартовска плата за три илјади денари

Објавено во: Македонија 04 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Полицајците ја зедоа зголемената плата за 3.000 денари, а за тоа на официјалниот фејсбук статус се пофали и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Реализирана исплата на мартовската плата со покачувањето во висина од 3.086 денари по работник во бруто износ.

Успеавме во нашата заложба за вработените во МВР да обезбедиме зголемување на платите со цел усогласување со растот на минималната плата, а наспроти сите шпекулации во дневнополитички цели со кои се обидоа да ја деградираат и демотивираат македонската полиција, но и да ја потценат доследноста во исполнувањето на ветеното од страна на нејзиното раководство.

Ова е четврто по ред зголемување на платите на вработените на МВР, имајќи го предвид минатогодишното зголемување од 5% за сите вработени, а претходно преку Буџетот на МВР во 2018 и 2019 издејствуваме зголемувања на платите за сите вработени. Покрај ова, со зголемување на платите од 30 отсто беа опфатени 100 лица од Одделот за информатика и телекомуникации и тоа сметано од 01.01.2020 година, со цел мотивација на овие дефицитарни кадри да придонесат во функционирањето на МВР на позициите за кои се ангажирани.

Воедно, овозможивме издвојување на работните позиции помлад полицаец, полицаец и виш полицаец од останатите вработени. Со ова за првпат е извршено зголемување на бодови за полициски службеници за 10 и 20 бодови за работната позиција „полицаец", од категориите Е5, Е4, Е3 и Ж5, Ж4 и Ж3, за што во Буџетот на Министерството за внатрешни работи за 2019 година побарани се и одобрени парични средства за исплата на зголемување на плата во износ од 80.000.000 денари на годишно ниво за 4.821 униформиран вработен. Посебно значајно за ова раководство на МВР е што вакво зголемување за основната компонента полицаец се остварува за првпат од 1991 година па наваму.

Исто така, благодарение на домаќинското работење и остварените заштеди во Буџетот, досега доброволно исплативме бонус плати за оствaрени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2017, 2018, 2019, 2020, 2021 година, а во тек е обработка на податоци за вработени коишто оствариле над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво за 2022 година, која ќе изнесува 31.859 денари во поединечен износ, што претставува зголемување од речиси 40% на износот на бонус платата во 2017 година која изнесуваше 22.928 денари“, се вели во постот на Спасовски. 

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање