Полицијата го пронајде Штерјо Наков во нарушено здравје
Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2022
Семејството на бизнисменот Штерјо Наков вчера го пријави во полиција за исчезнат по што по некое време бил пронајден поранешниот акционер на „Фершпед“ чија дејност ја продолжија неговите синови.
Наков бил пронајден синоќа од полицијата во селото Орешани, откако неколку часа се водеше за исчезнат, пренесува Лидер извори од МВР.
Тој бил во нарушена здравствена состојба, но надвор од животна состојба.
Други детали од неговото семејство не се објавени.