Полициски распит за носењето македонски деца кај бугарски политичари
Објавено во: Македонија 17 Август, 2023
Истражители од Обвинителството започнале со распит на членови на „Мал битолски Монмартр“, познатиот ликовно-уметнички клуб од Битола, кај претседателот на Бугарија, Румен Радев и кај Симеон Втори, дознава „Независен“ од извори во истрагата.
Децатаво последната година на два пати беа фотографирани со политичарите и објавени во бугарски и македонски медиуми, без организаторите за тоа да имаат дозвола од родителите.
Покровител на настаните бил Милан Врабески, познатиот бугарски бизнисмен кој организира настани за „зголемувањето на бугарската свест кај Македонците“.
„Независен“, дознава дека на распит кај истражителите ќе се повикуваат лица поврзани со патувањата и активностите на ДЛС „Свети Кирил и Методиј“ Битола.
Станува збор за испрашување со цел да се соберат информации за евентуалната истрага што би ја започнало Обвинителството.
Предметот за „Битолски Монмартр“ е отворен по допрен глас.