29 Април, 2024
0.0259

ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА ЗА НАГРАДИ - скенирачите ќе се омрсат од средината на декември

Објавено во: Финансии 18 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

За скенирачите на фискални сметки ќе има и награди од средината на декември, за што државата ќе даде половина милион евра. Маркетинг агенции ќе се ангажираат за да осмислат добра и иновативна стратегија. 

Министерството за финансии и Фондот за иновации и технолошки развој од 29 ноември до први декември ќе организира ФинХакатон2, чија цел е изготвување на иновативна маркетинг стратегија за новата наградна игра “МојДДВ, #МојаНаграда”. 

„ФинХакатон 2“:МојДДВ,#МојаНаграда е наменет за маркетинг агенции и други домашни компании регистрирани согласно законот за трговски друштва, кои може да понудат иновативна маркетинг стратегија. Со цел поддршка на младите, заинтересирани компаниите во својот тим ќе биде потребно да вклучат и студенти со најмалку запишани студии од областа на економија, право, организациски студии, дизајн, односи со јавност или сродни студии.

Пријавувањето е до една минута до полноќ на 27-ми ноември, а натпреварувачите за три дена ќе треба да направат иновативна маркетинг стратегија за новата наградна игра.

Од хакатонот треба да произлезе иновативна маркетинг стратегија за следните 12 месеци за брендирање, предлог концепт, дизајн, креатива, видео концепт, предлог за извлекувањата и прогласување на победниците за наградната игра “МојДДВ, #МојаНаграда”. Буџетот за имплементирање на стратегијата за победничкиот тим ќе изнесува два милиони денари или околу 33 илјади денари.

На инфо сесијата која се одржа денеска со претставници од маркетинг коморите, а на која присуствуваа и министерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски беше презентиран јавниот повик за пријавување.

Министерката за финансии Нина Ангеловска рече дека мерката МојДДВ ги исполнува целите за кои била дизајнирана, односно намалување на сивата економија и зголемување на свеста на граѓаните да бараат фискална сметка. 

Со цел да се прошири опсегот уште повеќе, од средината на декември ќе започне МојДДВ #МојаНаграда, чиј награден фонд ќе биде половина милион евра и ќе се доделуваат парични награди на дневна, месечна основа, како и две главни премии, најави Ангеловска.

„Покрај повратот, кој ќе го остваруваат граѓаните со скенирање на фискалните сметки, тие ќе може да станат и добитници на парична награда. Со ова граѓаните ќе имаат уште поголем мотив да влијаат и на адресирањето на сивата економија, односно секоја скенирана фискална сметка потенцијално е добитна. Зборуваме за една вин-вин наградна игра, бидејќи сите добиваме, единствено кога губи сивата економија“, рече министерката за финансии Ангеловска.

Директорот на Фондот за иновации Деспотовски рече дека ваквите настани се шанса за младите и иновативни луѓе да бидат вклучени во креирање и спроведување политики и проекти на државни институции. 

„Концептот на Хакатон подразбира дека можеме да бидеме пофлексибилни и да вклучиме и млади креативни луѓе да учествуваат во креирањето на прeдлог решенија чија цел се отворени и транспарентни институции. Ова е исто така пример за конкретна примена на иновации во јавен сектор со кој граѓаните ќе добијат поефикасна и поквалитетна услуга. ФИТР веќе поодржува многу проекти кои предвидуваат креативноста и флексибилноста на приватниот сектор кој ќе може да се примени и во јавниот сектор. Очекувам дека ќе добиеме навистина добри решенија кои ќе бидат спроведени во партнерство меѓу етаблирани домашни конпании и студенти - изјави Деспотовски. 

Тоj ги повика и останатите државни институции да креираат ваков тип на иницијативи како Министерството за финансии и Министерството за транспорт и врски, во кои би се вклучиле млади луѓе.

Сите детали за ФинХакатон2:“МојДДВ,#МојаНаграда”, како и формата за пријавување може да се најдат на веб-страните на Министерството за финансии и Фондот за иновации и технолошки развој.


Можеби ќе ве интересира

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита