Половина тон марихуана исчезна од полициски склад
Објавено во: Свет 12 Април, 2018
Од полицискиот склад во градот Пилар во Аргентина исчезнале 540 килограми марихуана.
Осум полицајци добиле отказ по исчезнувањето на над половина тон дрога од
полицискиот склад. Досегашниот шеф на полицијата, Хавиер Специја излегол со објаснување
дека дрогата ја изеле глувци, што за внатрешната контрола е неверојатно затоа што од толку
многу марихуана сигурно ќе биле мртви сите глувци во градот.
Сега полицајците се соочуваат со судско рочиште закажано за 5 мај. Во магацинот на
полицијата биле складирани околу шест тони марихуана, запленета во текот на изминатите
две години.
Недостатокот прв го забележал новиот началник на полицијата Емилио Портеро кој утврдил
дека неговиот претходник немал никаква документација за содржината на складот.