17 Мај, 2024
0.0297

Помогнав на многу пациенти, но не можам и на моето дете - Д-р Маја Василева – Дугановска

Објавено во: Македонија 13 Април, 2022

Добивај вести на Viber

„Да се има дете со аутизам е голем предизвик. Секој ден е приказна за себе, која не знам што ми носи. Многу често како Сизиф се борам, да го качам каменот до врвот , а утрото да го најдам доле и така секој ден“. На овој начин д-р Маја Василева – Дугановска, инфектолог, Раководител на Оддел за Инфективни болести го опишува секојдневното битисување, откако аутизмот се „вселил“ во нивниот дом.

Кога по долги испитувања, на нејзиниот син Лазар(12) му била поставена дијагнозата аутизам, вели дека првата фаза била негирање и неприфаќање на состојбата. Потоа следувала бескрајна тага, себеобвинување и на крај соочување и прифакање на дијагнозата.

* На која возраст беше вашето дете кога ги забележавте првите симптоми, знаци, дека нешто не е во ред со неговата состојба?

-Првите знаци ги забележав некаде околу втората година, поточно за неговиот втор роденден, кога стана многу вознемирен , дури и агресивен. Одбиваше да се дружи со децата , а потоа престана и да зборува. Ги изгуби првите зборови како мама, тато, баба, дедо, Ан од Ана, така ја викаше својата сестра. Сето тоа го препишував на возбудата околу роденденот, но, состојбата продолжуваше. Наредниот период беше многу тежок и за него и за нас како родители, кога беше потребно да се соочиме и да ја прифатиме новата состојба.

Најверни другари ми се упорноста и издржливоста

* Дијагнозата е исклучително болен момент за родителите и со себе носи голема неизвесност . После колку прегледи, посета на доктори, дојдовте до сознанието дека вашето дете има аутизам? 

-Во првите 6 до 12 месеци, педијатрите го следеа интензивно, без да постават дијагноза. Го оценуваа како мрзливо дете и според нив беше прашање на време кога ќе прозбори. На изглед не отстапуваше од другите деца. Но, ја знаев дијагнозата како и повеќето родители. Постојано читав на интернет се во врска со неговата состојба.Направивме многу испитувања, лабораториски, интолеранција кон глутен и казеин, микробиолошки , вирусолошки, генетски , компјутерско снимање на мозокот, аудиолошки, офталмолошки прегледи, детални метаболни испитувања во Лондон, прегледи и консултации во Белград и во Пловдив. Причината ја открив, но лекот не го најдов.

Повеќе на Женски магазин овде

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање