Помпео му се закани на Иран со поголема изолација и санкции
Објавено во: Свет 08 Јули, 2019
Поголема изолација и зголемување на санкциите за
Иран, откако Техеран потврди дека земјата ќе продолжи да го збогатува ураниумот
на повисоко ниво од договореното, изјави министерот за надворешни работи на САД,
Мајк Помпео.
И таткото на нацијата на САД,
Доналд Трмап го повика Иран да внимава и да размисли за последиците за зголемување
на збогатувањето на ураниумот.
Помпео изјави дека треба да се врати старата
политика со која се забранува на Иран да збогатува ураниум. Режим за Иран,
бидејќи земјата е опремена со нуклеарно оружје и претставува уште поголема
закана за светот, пренесуваат медиумите од регионот.
Инаку, Иран во неделата објави дека ќе почнат да го збогатуваат ураниумот на ниво кое е забрането со договорот. Договорот за нуклеарната програма на Иран кој беше склучен во 2015 година во Виена, со Иран и шест големи сили - САД, Русија, Кина, Франција, Велика Британија и Германија. Дозволено ниво според догворот е до 3,67 проценти.