16 Мај, 2024
0.0321

Пописот е значаен за бизнис заедницата: Ни требаат податоците

Објавено во: Економија 13 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Работен состанок меѓу претставници на Стопанската комора на Македонија и претставници на Државниот завод за статистика се одржа во Стопанската комора. Оттаму соопштуваат дека целта на состанокот бил да се продискутираат придобивките од пописот во 2021 година за бизнис заедницата, со посебен акцент врз потребата од попис за дефинирање на идните економски политики во државата.

„Двете страни се согласија дека потребата од спроведување попис е неминовна, имајќи предвид дека во земјата не е спроведен попис веќе 20 години. Пописот треба да се спроведува регуларно, во однапред утврден период, со дефинирана процедура, да биде сеопфатен и да се темели на најдобрите меѓународни практики.

Добиените податоци од пописот ќе овозможат дополнителни информации за сегашните и за идните потенцијали за економски развој, кои ќе бидат од значајна корист за компаниите при дефинирањето на нивните стратешки политики и активности. Податоците од пописот ќе им овозможат на компаниите и на властите, кои ги дефинираат економските политики во земјата, суштествени информации во повеќе домени, како што се понудата и побарувачката на пазарот, информации за понудата на пазарот на работна сила низ демографската призма и други податоци корисни при конципирањето здрави и добро таргетирани економски политики од интерес на компаниите кои работат во земјата. Имено, податоците од пописот, преку вкрстување со редовните 268 статистички истражувања што ги спроведува тековно ДЗС, ќе значат повеќе информации за економските карактеристики на населението, стои во соопштението.

Во поглед на начинот и на методологијата според кои би се извела статистичката операција попис, претставниците на компаниите од Стопанската комора на Македонија сметаат дека треба да е во согласност со стандардниот пристап и со стандардната методологија и постапка за спроведување попис во светски рамки.


Можеби ќе ве интересира

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА