ПОПЛАВИ: Над 100 деца се удавија, а 1500 луѓе се исчезнати
Објавено во: Свет 16 Август, 2017
Во поплавите кои го зафатија Фритаун, главниот град на Сиера Леоне, се удавиле над 100 деца.
Централната мртовечница во градот информираше дека околу 400 луѓе настрадале во поплавите што го погодија градот во понеделникот наутро, предупредувајќи дека тоа не е официјалниот биланс на жртви.
Обединетите нации денеска соопштија дека се врши проценка на хуманитарните потреби во Фритаун. Портпаролот на ОН, Стефан Дужарик, рекол дека разработуваат итни планови за да се ублажи потенцијалното избивање на епидемија и додал дека Меѓународната организација за миграција веднаш по поплавите, од вонредните фондови издвоила 150.000 долари.
Се очекува да бидат пронајдени телата на 500 луѓе кои биле исчезнати.
Во поплавите има околу 1,500 исчезнати.