27 Април, 2024
0.0252

Поради доцнење со исплатата, одземена лиценцата на четири винарници

Објавено во: Агробизнис 28 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Поради доцнење со исплата на грозје четири винарници ја изгубија лиценца за работа, соопшти денеска заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски за време на својата посета во Неготино. Тој повтори и дека со законот за лозарство и винарство точно се определени казните за оние кои нема докрај да ги испочитуваат договорите. „Нема попуст за никој, тоа јас најодговорно го тврдам. Сите оние кои ќе се огрешат спрема законот и нема во одреден временски период согласно на законот да ги исплатат долговите кон лозарите, ќе се соочат со санкции. Во овој момент четир винарници се избришани од регистарот во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а против одговорното лице во една винарија покрената е и кривична пријава за давање на лажни изјава или нотарски акт дека е платено грозјето во целост“,  истакна Коњановски. За време на посетата во Неготино, Коњановски се запозна со расположливите локации во општината погодни за изградба на винарии и други стопански објекти за откуп, складирање, преработка и дистрибуција на земјоделски производи. Станува збор за 28 локации за изградба на винарници распоредени на 4 урбанистички планови, од кои 5 се веќе продадени.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади