Поради експлозија луѓе се заглавени под урнатини
Објавено во: Свет 03 Септември, 2019
Силна експлозија имаше во белгискиот град Антверпен, при што луѓе останале под рушевините на неколку згради.
Нeколку лица се повредени, а други и натаму се под урнатините.
Експлозијата тешко оштетила три згради во округот Вилрик, јужно од центарот на градот.
Едно лице е спасено од урнатините.
Полицијата нема информации за причината за инцидентот, кој се случил денеска напладне.