ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов
Објавено во: Свет 24 Април, 2024
Русија уапси министер поради примање мито.
Рускиот заменик министер за одбрана, Тимур Иванов е уапсен под сомнение за корупција, објави синоќа Рускиот истражен комитет. Поради ова кривично дело министерот може да се соочи со голема парична казна или затворска казна од повеќе од десет години, во зависност од тежината на делото. Откако почна војната во Украина на 24 февруари 2022 година, повеќе лица од Министерството за одбрана починаа под сомнителни околности.
фото РИА новости