Поради високите температури, во три градови забрането возење со автомобили
Објавено во: Свет 07 Август, 2018
Поради топлотниот бран кој ја зафати Европа, а за кој метеоролозите во наредните денови очекуваат нови рекордни температури, во три градови во Франција – Париз, Стразбур и Лион, ќе биде забрането возење со автомобили.
Во Парис и Стразбур забрането е возење на автомобили постари од 12 години, а во Лион се дозволуваат само еколошки автомобили, со налепница „чист воздух“.
Властите предупредија дека високите температури, во комбинација со загадениот воздух негативно влијаат на човековото здравје, а жителите за денес се предупредени дека може да чувствуваат болки во грлото или на очите.
Во Франција со најавата за топлотен бран, се затворија четири нуклеарни реактори.