17 Мај, 2024
0.1210

Порака до бизнисот од Азески: Без оглед колку е долга ноќта, денот сигурно ќе дојде

Објавено во: Економија 09 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Ноќта дојде порано од што очекувавме. Како да се наоѓаме во епицентарот на еден триаголник во кој имаме економска, здравствена, па и општа криза која долго се провлекува, од 2008 година наваму. Анкетите конечно покажаа дека секому му е јасно оти кризата ќе потрае подолго и дека спасувањето на човековите животи мора да биде приоритетна цел. Иако навикнати на дејствување во кризни ситуации, во моментов непредвидливоста е толку силно изразена што надежта е доведена под знак прашање.

Светот полека, но сигурно влегува во зоните на општите опасности и затоа решенијата мора да се бараат навреме, а еден од клучните фактори што може да го трасираат тој пат мора да е реалниот сектор, затоа што со многу примери покажал дека нудел вистински решенија. Но за да се врати надежта, а особено кај оние кои се врзани за бизнисот, најпотребни се РЕШЕНИЈА. Само РЕШЕНИЈА, кои мора да се брзи, одлучни и засновани на реални проценки. 

Додека не изгрее денот, да ги оставиме настрана сите расправии „истресени од ракав“, да заборавиме на неплодните дискусии за историјата и да ги промениме уништувачките изрази „јас знам сé“, „кој е тој да ми кажува“, „јас одамна реков“, кои само ќе придонесат да платиме висока цена во кризата. Реалниот сектор во овој момент бара да биде клучен фактор во изнаоѓањето излезни решенија, а по кризата, ако навистина таа не се претвори во секојдневие, ќе се врати на својата реална позиција – да биде еден од факторите што учествуваат во креирањето на економските политики. 

Примери има безброј. Да не ги продадевме туристичките капацитети што ги наследивме од поранешната држава, денес тие ќе претставуваа вистински консумент и промотор на земјоделско-прехранбениот сектор. Да ги поддржaвме домашните синџири на супермаркети („Тинекс“, „КАМ“, „Кит-Го“, „Стокомак“, „Жито“, „Кипер“, „Рептил“...) да се прошират во соседните земји, исто така ќе отворевме нови пазари за земјоделско-прехранбениот сектор. Имавме и примери. „Фершпед“ на крајот на 90-тите г. од минатиот век, со изградбата и со купувањето на хотелите во Скопје, Охрид и во Маврово и со влегувањето во сопственичката структура на „Европа“ и на „Сковин“, покажа каде треба да одиме. Тоа го покажаа и нашите истакнати бизнисмени и познати коморски активисти Минчо Јорданов и Светозар Јаневски, правејќи спој меѓу овие два сектора, кои се сериозен потенцијал за создавање новододадена вредност. 

Стопанската комора на Македонија неслучајно во средина на кризата, на крајот на септември, одржа голема конференција за позицијата на туризмот и угостителството по кризата КОВИД 19, а за земјоделско-прехранбениот сектор тоа ќе го направи во среда. Има уште многу примери кога бизнисот беше резервиран спрема одредени инфраструктурни проекти (пругата кон Бугарија, ревитализацијата на централната пруга Србија-Грција, влегувањето во сопственичката структура на солунското пристаниште итн. итн.). 

Значи, бизнисот бара решенија, а не дискусии, и бара многу поголемо учество во донесувањето на тие решенија отколку досега. Ние како нивни претставници ќе направиме сѐ да го овозможиме тоа. 

Можеби ќе ве интересира

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП