ПОРАКА ОД 25 МАРШ: Генерацијата која доаѓа е за заедничка Македонија
Објавено во: Македонија 23 Март, 2017
Денеска е 25-ти ден од почеток на протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“.
Се маршира од Владата до Собранието.
Граѓаните кои денеска излегоа да протестираат порачуваат дека генерацијата која доаѓа е за заедничка Македонија.
Бараат зачувување на унитарноста на Македонија и отфрлање на Тиранската платформа, која според нив е вовед во федерализација на Македонија.
Тие му давааат поддршка и на претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов охрабрувајќи го да не потклекнува на никакви
притисоци. Порачаа дека ниту еден дипломат, комесар или каков било претставник не може
да дојде на половина ден и да наметнува свој интерес и своја агенда.
Протестите нема да запрат додека не се исполнат барањата на иницијативата.