26 Април, 2024
0.0301

Пораснал превозот на патници со автобуси

Објавено во: Македонија 19 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Бројот на превезени патници во патниот превоз во второто тримесечје од годинава е зголемен за 9,9 отсто во однос на истиот период од 2016 година, при што бројот на превезени патници во градскиот превоз пораснал за 7,7 отсто, во приградскиот за 12,5 во меѓуградскиот се зголемил за 13,2, а во меѓународниот превоз за 17,5 отсто.

При тоа, вкупниот број на патничките километри во патниот патнички превоз е зголемен за 30,4 отсто, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 32,8 отсто, во приградскиот превоз за 37,2, во меѓуградскиот превоз за 7,7, а во меѓународниот превоз за 49,8 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со првото тримесечје од годинава, пак, вкупниот број на превезени патници е зголемен за 6,1 отсто.

Во однос на првото тримесечие од годинава бројот на превезени патници во градскиот превоз е зголемен за 2 отсто, во приградскиот пораснал за 9,2, во меѓуградскиот превоз за 22,8, додека во меѓународниот превоз е зголемен за 11,2 отсто. Кај вкупниот број на превезени километри се забележува пораст од 13,5 отсто, при што кај градскиот превоз бројот на превезени километри пораснал за 12 отсто, во приградскиот за 12,5, во меѓуградскиот за 20,6, а во меѓународниот превоз е зголемен за 9,9 отсто.


Можеби ќе ве интересира

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени