17 Мај, 2024
0.0293

Пораст на долговите на граѓаните кон банките во 2020

Објавено во: Економија 02 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Долговите на граѓаните кон деловните банки во Македонија пораснал за 8,3 отсто изминатиот период, информира Маја Стевкова - Штериева, претседателката на Македонската банкарска асоцијација во денешното интервју за МИА.

Граѓаните и компаниите на своите кредитори им должат 353.345 милиони денари, но раст истовремено бележат и депозитите во банките. За време на корона-кризата забележано е воздржување од инвестициски активности кај фирмите како резултат на неизвесноста, додека кај населението се доминантни потрошувачките кредити и станбените.

– Заклучно со 30 ноември 2020 година, вкупните кредити на ниво на банкарскиот систем достигнаа 353.345 милиони денари, што е раст на годишно ниво од 5,4 отсто. Вкупните кредити на домаќинствата бележат пораст од 8,3 отсто во однос на истиот период минатата година и 7,6 осто во однос на 31 декември 2019 година. Наспроти тоа, вкупните кредити на нефинансиските друштва бележат пораст од 2,5 отсто во однос на истиот период минатата година и се намалени за 0,8 отсто во однос на крајот на годината. Во изминатиот период, може да се забележи воздржување од инвестициски активности кај корпоративните клиенти како резултат на неизвесноста поради здравствената криза, намален обем на работа поради намалени нарачки од деловните партнери од земјите во ЕУ, прекинати синџири на испорака на репроматеријали и слично, информира Стевкова-Штериева.


Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија