17 Мај, 2024
0.0276

Посакувам повеќе патувања со семејството, УНИБанка да се искачи место погоре: Милка Тодорова за Фактор

Објавено во: Економија 30 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Многу надежи за подобра година, многу посакувања, како никогаш досега очекувања да е подобра од претходната. Во 2021 година влегуваме сите со заедничка желба - овој здравствен предизвик да заврши. Пандемијата ги помести нашите очекувања, нашите приоритети се други, сите други желби имаат помала вредност. 2020 има лош знак, иако можеби за многумина беше и успешна. Успех е и да се зачува здравјето, да се помогне некому, добра работа е да се предизвика нечија насмевка. Такви луѓе има многу. Во деновите пред и по стартот на новата година Фактор објавува новогодишни изјави од медицински експерти, стопанственици, банкари, политичари – сите зборуваат за нивните очекувања во следната година.

Милка Тодорова e Претседател на Управниот одбор и Извршен директор на УНИБанка. Вели дека во 2021 година очекува благо закрепнување на светската економиjа од кризата предизвикана од пандемиjата. Банката имаше солидна година и е водечка банка во земјава по иновации и дигитализација. Тодорова посакува позитивниот тренд да продолжи, а лична желба за следната година и е да патува повеќе со своето семејство.

„Светската банка, како и ММФ, предвидуваат глобалниот БДП да порасне со 4,5 проценти. Пронаоѓањето на вакцина против Ковид-19, пакетите од економски мерки на владите, како и враќањето на довербата кај потрошувачите се реален основ да бидеме оптимисти.

Но, секоја криза отвара нови можности. Во тек на пандемијата настана забрзување на процесот на дигитализација во сите економски сфери, вклучително и во банкарството. Користењето на банкарски услуги и продукти по електронски пат е едноставно, сигурно и финансиски исплатливо. Дојдовме до заклучок дека непосредниот контакт и физичко присуство не се задолжителен услов за успешно правење на бизнис. Тоа ни дава можност да бидеме поефикасни, побрзи и со помали трошоци да завршиме повеќе работа. Забрзаното имплементирање на нови технологии не прави поуспешни, истовремено давајќи ни можност за поефективно да го организираме нашето време со цел подобар баланс помеѓу работата и грижата за семејството.

Овој позитивен тренд ќе продолжи и во иднина.

Во професионален план си посакувам уште една успешна година за УНИБанка, нека бидеповеќе предвидлива. Да продолжиме успешно да ја остваруваме нашата долгорочната стратегиjа и да се искачиме едно место погоре во банкарскиот систем. 

Во личен план си посакувам Новата година да ми донесе повеќе патувања со моето семеjство.

УНИБанка веќе подолго време успешно се афирмира како банка на клиентот. Најважната цел ни е да ја задржиме водечката позиција како стабилен и иновативен партнер кој што ги поддржува своите клиенти во овој предизвикувачки период. Дигитализацијата и постојаниот технолошки развој се наша препознатлива карактеристика. Тоа ги прави нашите продукти и услуги извонредно атрактивни. За време на пандемијата УНИБанка им овозможи на своите клиенти физички и правни лица значајни финансиски олеснувања со цел успешно да ги надминат негативните ефекти од економската криза предизвикана од Ковид-19. Тоа ќе продолжи и во наредната 2021 година. Оптимизмот за економско заздравување во регионот, соодветните мерки на Владата, како и нашиот енормен потенцијал ни даваат сигурност дека ќе успееме да растеме побрзо од повеќето субјекти во банкарскиот сектор, вели Тодорова за Фактор.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА