16 Мај, 2024
0.0267

Пошта не избра банка: Колку пензионери од Еуростандард месецов ќе останат без пензија

Објавено во: Економија 26 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Oд понеделник почнува етапната исплата на септемвриските пензии. Банките веќе известуваат дек апочнуваат со исплатата која ќе се врши во четири групи. Во меѓувреме се уште има клиенти кои не си ги префрлиле сметките од пропаднатата Еуростандард банка. 

ПИОМ извести на крајот на август дека уште нешто помалку од 15.000 пензионери се уште немаат отворено сметка во нова банка за да ја земат августовската пензија навреме, откако Еуростандард ја загуби лиценцата за работа. Тие имаа рок до крајот на септември да се префрлат во друга банка за да ја добијат августовската пензија. Нема информација колку го сториле тоа. 

Инаку Пошта на Сверна Макеоднија се уште не избра и нова банка која ќе го земе бизнисот за платниот промет и шалтерите на пошта. Додека не се случи тоа пензионерите од руралните средини на кои пошта, која имаше договор со Еуростандард,  им ја доставува пензијата ќе мора да почекаат се додека не се склучи спогодба со друга банка. 

Инаку етапната исплата значи дека во понеделник, 28.9.2020 година, ќе се исплатуваат пензиите со висина до 11.000 денари;

Во вторник, 29.9.2020 година, исплата на пензиите во висина од 11.001 денар до 14.000 денари;

Во среда, 30.9.2020 година, исплата на пензиите во висина од 14.001 денар до 18.000 денари;

Во четврток, 1.10. 2020 година, исплата на пензиите во висина над 18.000 денари.

Пензионерите што користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата со парите може да располагаат од понеделник, 28 септември. Тие може да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно