29 Април, 2024
0.0244

Поскапе нафтата

Објавено во: Анализа 30 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

За време на петокот еврото во однос на доларот се зголеми на највисоко ниво од октомври 2011 година. Слично на еврото и британската фунта продолжи да се зголемува во однос на доларот достигнувајќи највисоко ниво од август 2011 година.Ниската ликвидност на пазарот заедно со шпекулациите дека Банката на Англија ќе ги зголеми каматните стапки порано од очекуваното влијаеа на растот на британската валута. Цените на американските акции  го забавиле својот раст пред крајот на минатата недела откако инвеститорите почнале да ги затвораат профитабилните позиции. Цената на златото минатата недела ја затвори со раст да би на почетокот на оваа недела влегла во консолидација. Цената на суровата нафта се издигна над 100 долари по барел откако владиниот извештај потврди дека залихите на суровата нафта паднаа повеќе од очекуваниот и паднаа на најниско ниво од септември. Целата анализа прочитајте ја на следниот линк