27 Април, 2024
0.0406

Поскапување на брашното?

Објавено во: Агробизнис 06 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Мелничарите бараат да се намали цената на контролните маркици за брашно, чија употреба е задолжителна од почетокот на октомври годинава. На состанокот што Групацијата од мелничко пекарката индустрија при Стопанската Комора на Македонија го одржа деновиве, мелничарите ја посочиле цената на маркиците како проблем кој доколку не се реши ќе влијае врз финансиската стабилност на компаниите од овој сектор. Во моментов цената на маркицата за брашно од еден килограм е 0,50 денари, а за поголема килажа цената е 1,50 денари. Ваквите цени можат да бидат причина и за зголемување на цената на крајниот производ, предупредуваат од мелничарската индустрија.

- Ние предлагаме цената на маркиците да биде 0,20 денари, и да една маркица да важи за сите пакувања без разлика дали брашното е од еден килограм или повеќе, сметаме така е поекономично за нас. Во Србија и во Хрватска каде што исто така се воведени маркиците, тие се бесплатни затоа што гаранција е платениот данок на додадена вредност. Ако останат вакви цените на маркиците, нашите давачки според проценките на годишно ниво ќе бидат 24.000 евра, а доколку се намали цената на 0,20 денари тогаш годишно давачките ќе ни бидат 3.500 евра. Оптеретувањето е големо, потребни се луѓе   кои ќе ги лепат или отстрануваат оштетените маркици. Правилникот се донесе но е е допрецизиран. Така на пример не ни е кажано сто треба да правиме со оние маркици кои се вишок, како се враќаат, објаснуваат од Групацијата на мелнишко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија за Фактор

Дел од упатените во мелничарската индустрија, велат дека за цената не биле информирани кога се носел правилникот.Од Групацијата велат дека барањата ќе ги достават до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ќе бараат состанок со ресорниот министер Љупчо Димовски.

Маркиците се скапи, но се ефикасни за регулирање на пазарот

Воведувањето на контролни маркици мелничарите го бараа веќе неколку години. Велат дека само но овој начин може да справат со пазарот на црно, но сепак не очекувале дека тоа скапо ќе ги чини.

Контролните маркици се единстевниот инструмент за справување со пазарот на црно.

- Евтиното увозно брашно без маркици, го прави македонското брашно неконкурентно, со тој проблем ние се бориме со години и поради тоа едвај ја одржуваме во кондиција индустрија. Маркиците се иделани за справување со нелојалната конкуренција, објаснуваат од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија  при СКМ

Согласно Законот за квалитет на земјоделските производи, од 1- ви октомври оваа година, компаниите се должни пред да го пуштат брашното во продажба да го означат секое пакување со контролна маркичка. Според законот контролна маркичка која ќе биде поставена на видно место. Маркичката треба да биде читлива и прицврстена или трајно втисната на пакувањето. Контролните маркици важат за домашните производители но и за брашното што доаѓа од увоз. Контролните маркици за брашно се воведоа за заштита на пазарот и на домашните потрошувачите.

Маркиците за малку ќе предизвикаа нов спор со Србија

И покрај тоа Србија веќе со години ги користи контролните маркици како механизам за заштита на домашното производство, сепак српските мелничари бурно реагираа кога Македонија воведе задолжителна да се лепат маркици на брашното, побараа од нивниот министер за трговија Расим Љајиќ, да забрани увоз на македонски производи. Тврдеа дека не им е дозволен извоз на брашно во Македонија и покрај тоа што македонската мерка за условен увоз на пченица и брашно беше веќе укината а увозот течеше нормално. Но, потоа се испостави дека всушност проблем биле маркиците, односно законскиот рок и процедура за добивање на маркиците, за што извозниците треба да почекаат речиси еден месец, додека пратката не ги помине контролите. Сепак тогаш и надлежните потврдија дека од 1-ви октомври до 25-ти истиот месец, нема издадено ниту една маркица за увоз, но од ресорното министерството тогаш образложија дека маркиците не се издавале, бидејќи процедурата траела еден месец.  Проблемот беше решен брзо, Македонија два дена по заканите од српска страна, почна да издава контролни маркици.

Расте увозот на брашно

Производството на брашно во земјава, според податоците, се намалило од 180.000 тони во 2011 година, на 60.000 тони во 2012 година. Но затоа увозот расте, лани во првите девет месеци се увезени 31.500 тони брашно, што е повеќе од увезеното брашно во текот на целата 2011 година,  кога се увезени 30.000 тони брашно. Последнава година и половина се увезени околу 70.000 тони брашно. Најмногу брашно се увезува од Србија, од каде што покриваме околу 80 отсто од домашните потреби. Владината мерка за ограничен увоз на брашно и пченица која неколку години се воведува за заштита на домашното производство, првично требаше да трае до крајот на годинава. Но откако Србија се закани со ембарга, а Косово дури во еден период го спроведе ембаргото,  македонската Влада на почетокот на месец септември ја укина мерката за условен увоз на пченица, а две недели подоцна и за брашно. Тогаш мелничарите беа во паника, бидејќи како што објаснуваа пазарот со брашно не беше стабилизиран. Предупредуваа дека има навалица од странско евтино брашно, што целосно ќеа го наруши македонскиот пазар и ќе го доведе во прашање опстанокот на мелничарите. Се заканија дека ќе ја вратат откупната пченица на земјоделците бидејќи немаат пари за исплата, доколку Владата не ги субвенционира да се субвенционира годинашниот откуп на домашна пченица со над 11 денари за килограм или рокот за укинување на мерката да остане до 31 –ви декември. И покрај неколкуте средби со ресорниот министер, до сега остана непознато кои и дали воопшто некои од нивните барања се прифатија, но рокот за мерката не се пролонгираше.

Ј.С

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади