26 Април, 2024
0.0403

ПОСЛЕ ПРАЗНИЦИТЕ: Совети како да се вратите во колосек и да имате плодна работа

Објавено во: Стил 07 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Многу луѓе одат на фитнес за да тренираат и да се грижат за своето тело. Но колку настојуваат да го тренираат умот? 

Прочитајте неколку корисни совети со кои ќе ја направите вашата работа повеќе плодна.

Со крајот на празниците и безгрижни денови доаѓа моментот, во кој повторно треба да се впуштиме во својата работа. Преминот од одмор кон брз работен распоред може да биде тешко, но не и невозможно. За да го ублажите процесот сепак, треба да следите неколку едноставни правила. Тие ќе ви помогнат да го обучите вашиот ум, да ја вратите вашата концентрација и да бидете плодни на работното место.

Создадете позитивна средина

Направете госв оето работно катче колку може повеќе пријатно. Сепак трошите многу часови токму таму. А колку добро се чувствувате на некое место, толку подобро. Може да ја разубавите масата со цвет, слика со вашите најблиски, инспиративни цитати. Исто така расчистете ги непотребните работи и направете го работното место поубаво.

Подгответе си список

Тој, сепак, не треба да биде премногу долг за да не создава кај вас чувство за тревога и многу работа. Може да си составите краток список со задачи за секој ден одделно или пак за претстојната недела. Не запишувајте работи за кои не сте сигурни дека ќе успеете, бидејќи тие само ќе го поместуваат фокусот од најважното.

Пуштете си музика

За да "се исклучите" од сите надворешни фактори и да се фокусирате целосно на работата, може да ја слушате омилената музика. Се разбира, треба да се приспособите со своите колеги, на кои тоа може да не им е пријатно. Најдобро опремете се со лични слушалки, благодарение на кои ќе може да работите плодно покрај омилените песни. На интернет има и различни природни звуци кои докажано делуваат добро врз концентрацијата за време на работа. Зошто не се обидете и со нив?

Држете се до добри навики

Ако спиете до доцна, се успивате секое утро и потоа брзо се храните нездраво или пак сакате да ве  фаќа мрза повеќе отколку што треба - сето тоа лошо се одразува на вашата работоспособност. Во работните денови придржувајте се кон добри навики - рано легнување и рано будење, вежби, здрава исхрана. Може да се гледате мотивациски видеа или пак да читате книги поврзани со вашата професионална сфера.

Не правете по неколку работи истовремено

Да, веројатно треба да ја дополнувате работата по празничните викенди, но не се зафаќајте со многу работи истовремено. Подобро распоредете ги рамномерно, па да не се оптоварувате премногу. Многу често, кога луѓето се фаќаат со неколку работи истовремено, на крајот не завршуваат ништо како што треба.

Убедете се самите себе

Нема ништо помоќно од силата на мислата. Ниту еден совет нема да ви помогне така како што би можеле да си помогнете самите вие. Убедете се себе дека треба да го пренасочите умот и повторно да влезете во работна атмосфера. Работете врз вашата концентрација, која е од витално значење за добро завршена работа.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти