26 Април, 2024
0.0308

Последната шанса

Објавено во: Македонија, Колумни 29 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Проблемите се натрупани, очекувањата кај граѓаните  се огромни, а криминалците се исклучително нафатирани.  Владиниот мозаик мора да биде квалитетно склопен. Се надевам дека мандатарот точно знае што нуди и што може да очекува од понуденото. Никогаш неможе да се очекува комплетен концензус околу понудените персонални решенија, но во овие моменти безрезервна подршка секако дека мора да се даде. Приоритетите се толку големи, што не оставаат простор и време за скршнување од целта поради која дојде и до промена на власта. 

Испорачување на повисок животен стандард во првата фаза или за краток временски период , за секој што малку разбира економија е утопистичко очекување. И тоа секако не поради не квалитетот на владиниот тим, туку поради катастрофалната економска состојба која е наследена.  Дури мандатарот да ги ангажира и најдобрите светски економисти, хаосот што дружината на Груевски го направи во делот на финансиите  не може лесно да се оправи. Поради тоа, позитивни резултати може да има, но откако ќе се  стабилизираат разнишаните темели на пазарната економија и правната држава. 

Тоа што веднаш новата власт мора да го воспостави е создавање на системски предуслови во името на законот да се санкционираат криминалците и парарелно со тоа, во легитимни судски постапки да им се одземе нелегално стекнатиот имот. Тоа е клучно да се стори  затоа што истите тие криминалци, многу брзо, доколку не бидат санкционирани и финансиски „разоружани“ повторно ќе се вратат на политичката сцена, но во тој случај испрани од валканиците. Е тогаш, Груевски ќе биде во право. Таквиот грев на СДСМ нема да може да се оправда. 

Во меѓувреме, бесмислената логика која во своја одбрана ја промовира Груевски продолжува. Сите се виновни освен самиот тој! За сите негови неволји е виновен СДСМ, неговите луѓе, сдсмовците во ДПМНЕ, сите оние на кои тој им дозволил да му се придружат во „елдорадото“, кое мислеше дека никогаш нема да престане. Во сите нив сега гледа луѓе препознатливи по  корупција,  криминал, по манипулации, лажни информации и лажни ветувања.  И за документираните докази виновни се политичките противници. Со концептот на одбрана дека „сите се виновни освен јас“, Груевски се надева дека ќе ги испере валканиците во кои се препелка една декада и во исто време ќе  ја релативизира неговата одговорност. За негова жал, тоа не поминува, т.е. не смее да помине.  

Повеќе од јасно станува дека таквиот концепт веќе не поминува ни во неговиот „кампус“. Уште само тој неможе да види дека околу него останаа само тие што не можат да го избегнат друштвото. Тој е фактички лице осомничено и оптужено  за поттикнување и извршување на различни кривични дела. Веќе нема толку недоветни кои ќе му поверуваат, како во приказната,  на осведочен „крадец“,  во која насока луѓето да тргнат по арамиите.   Впрочем, каде беше изминатата декада да ги осомничи носителите на такви дела? Што правеа неговите послушници во полицијата, обвинителството и судството, тие, кои сега прават невидени постапки  за да ги опструираат оптужбите против него? 

По бессмисленоста на ваквата одбрана, а во отсуство на минимална доза на самокритичност, посегна и по  историски „аргументи“, да покаже дека е незаменлив. Јавно праша дали некој се сеќава на некоја реформа од СДСМ, со поттекст дека нема такви, за разлика од неговите „проекти“. А тука дебело се излажа. Споредбата е дефинитивно на негова штета. Аргументирано може да се покаже дека  СДСМ успешно ги изврши дисолуцијата од поранешната федерација и трансформацијата од државно пазарна  во пазарна економија. Ја совлада огромната инфлација и создаде услови за зголемување на економската активност и пораст на БДП, така што во 1998 година растот изнесуваше 3,4%. Во меѓувреме се изврши главнината од  најтешкиот и најсложениот процес на трансформација на општествената сопственост во приватна. Со сите грешки, заради кои  владаечката партија ги изгуби следните парламентарни избори, се создадоа услови за динамизирање на стопанската активност, преку слободното претприемништво и стабилизацијата на цените и девизниот курс. Приватизацијата веројатно можеше да биде и поефикасна, меѓутоа, и така како што се изврши создаде бројни субјекти кои, во потрага по што поголем профит, го зголемуваа производството и услугите, го зголемуваа извозот и  БДП. 

Врз воспоставените принципи, владата на Љубчо Георгиевски, ги продолжи позитивните стопански движења. Во 2000 година растот на БДП се зголеми и на 4,5%. Трендот се прекина во 2001 заради војната. БДП се намали за 3,1%., за да во 2002 година се зголеми за 1,5%. Врз основа на истите пазарни принципи, СДСМ, во наредниот четиригодишен мандат, го динамизира растот на БДП на 4,7% во 2004 и 2005, за да во 2006 година се оствари највисок пораст од 5,1%.

Потоа следат две успешни години на ВМРО ДПМНЕ со Груевски, како континуитет на претходните. Во 2007 година БДП порасна за 6,5%, а во наредната година за 5,5%. Во 2007 година владата покажа буџетски суфицит, а во наредната година дефицит од само 0,9%. Тогаш немаше проекти. Стабилните цени и стабилниот девизен курс беа доволен услов слободните претприемачи и бизнисмени, борејќи се за поголем профит, да го зголемуваат и БДП. Потоа следи остар пад на трендот. Во 2009 година БДП се намали за 0,4% во однос на претходната година. Одтогаш, растот осцилира, а просечната стапка е под 3%.  Меѓутоа, за да се оствари ваквиот раст  државата постојано го зголемуваше буџетскиот дефицит, а со тоа и јавниот долг.  Без анализа се гледа дека создадваното не соодветствува на потрошените средства. Секој се прашува каква е ползата ако власта прави „од три буки вретено“?  Тоа е злосторство, за кое нема оправдување. Уште помалку кога е извршено со умисла и незаконски заради остварување на лични или групни цели, од позиција на власт.

Многумина се прашуваат зошто се направи промена во моделот на развој кога тој даваше добри резултати? Сомневањата се насетија уште од разговорите во „бомбите“, а потврда дојде и од СЈО. Се работи за можност за одливање на многу пари. На очигледен начин се покажа дека  „проектите“ се користат за извлекување на огромни суми народни пари за лични и партиски интереси. Најдоброто од се‘ е што сомневањата за арамилакот на власта се заокружија и во наредниот период се очекува правна разврска. На виделина излезе дека и нетранспарентноста во трошењето на буџетските средства и  опсесијата на врхушката на власт за изведување на проекти има арамиска заднина. 

Задача на реформската влада е на сите погоре споменати аномалии да стави крај, затоа што со таквиот потег ќе ја испорача и клучната гаранција, дека нема да дозволи да функционира по досега воспоставениот систем, „симни се Мурто да се качи Курто“. Во спротивно, и покрај најдобрите намери лесно може да влезе во лошиот филм. Простор за грешки повеќе нема.  Се работи за последна шанса! 

д-р Крсте Шајноски


Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство за да студираме во Софија, се грижеше како за свои деца“

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство за да студираме во Софија, се грижеше како за свои деца“

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски заради неговиот коментар за малиот број гласови на Стевчо

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски заради неговиот коментар за малиот број гласови на Стевчо

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?