18 Мај, 2024
0.0307

Поставен камен-темелникот за изградба на нова Технолошко-индустриска развојна зона кај Прилеп

Објавено во: Македонија 15 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Денеска е поставен камен-темелникот во месноста Алинци кај Прилеп за изградбата на новата Технолошко-индустриска развојна зона.

Означувајќи го симболично почетокот на изградбата на современата инфраструктура според сите светски стандарди, премиерот Никола Груевски нагласи дека студеното време може да ги забави, но нема да ги запре владините намери да направат што повеќе за изградбата на технолошко- индустриските развојни зони во државава.

- Ваквото темпо е особено важно и потребно со цел повеќе региони во државава што поскоро да комплетираат инфраструктура соодветна на интересите на странските и домашните инвеститори, рече Груевски.

Претседателот на Владата нагласи дека посебно го радува тоа што општина Прилеп со брзо темпо ја оформува индустриската зона „Прилеп 1“.

- Големите инвеститори во оваа зона ќе отворат и голем број работни места. Зоната има плански опфат од 67 хектари со можност за проширување на уште 35 и ќе биде поврзана со патна, водоводна, електрична и канализациска мрежа. Со ова и со условите во зоната Прилеп, Битола, Ресен, и околните населени места ќе добијат простор кој верувам дека ќе привлече голем број заинтересирани инвеститори, рече Груевски.

Според премиерот на оваа зона и претстои голема иднина.

- Верувам дека на оваа зона и претстои добра иднина, а таква иднина го очекува и регионот и сите оние домаќинства од Прилеп и околината кои ќе имаат по некој член од семејството вработен во некоја од фабриките во Технолошко-индустриската развојна зона кај Алинци, рече Груевски.

Според директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо,  оваа зона е една од 11-те во државава кои даваат резултати.

- Доказ за тоа се „Џонсон Контролс“ и „Џонсон Мети“ кои лани во вкупниот извоз на Македонија учествуваа со 16,3 проценти, а годинава се очекува нивното учество во  извозот да биде 20 отсто, нагласи Мизо.

За министерот за странски инвестиции Веле Самак, пак, ова е посебен ден затоа што се активира зоната кај Прилеп.

- Се надевам дека ова ќе помогне да се најдат дополнителни проекти за оваа зона не само за странските инвеститори, туку своето место да го најдат и домашните фирми за да отворат капацитети и да вработат нови луѓе, истакна Самак.

Според градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, со изградбата на оваа Технолошко-индустриска развојна зона и со индустриската зона „Прилеп 1“, каде сите парцели се распродадени, а и со подготовката на нови три, Прилеп се промовира како вистинска дестинација за привлекување на странски гринфилд инвестиции, но и за развој на домашните фирми.

- Прилеп направи многу за да понуди добри услови за развој на индустријата и економијата. За една година го изготви Генералниот урбанистички план, донесе детални урбанистички планови и овозможи атрактивни локации не само за развој на економијата, туку и за нов станбен и деловен простор. Дваесетинта локации во индустриската зона „Прилеп 1“ се продадени, се прави целосната инфраструктура и наскоро ќе се градат новите капацитети на претежно прилепските фирми со што ќе се обезбедат близу 2.000 нови вработувања, рече Ристески, нагласувајќи дека веќе се подготвува и другата иднустриска зона „Прилеп 2“ за малото стопанство и лесната индустрија со можност за нови 1.000 вработувања.

Можеби ќе ве интересира

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?