19 Мај, 2024
0.0252

Постои трик ова лето два пати да одите на море

Објавено во: Стил 15 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Дека времето навистина чини пари, знаат туристите кои уплатуваат летување преку “last minute” понудата и штедат неколку стотини евра.

Туристичката предсезона трае долго и некои луѓе прават планови за летување. Но, оној кој сака најрационален план прво треба да подготви пари, да се спакува, да одреди датум и неколку дена пред заминувањето да одреди дестинација.

„Веќе неколку години летуваме преку “last minute” затоа што сфатив дека така можам да одам два пати во три месеци на море наместо еднаш. Одам во почетокот на јуни и септември по десет дена и досега ниту еднаш не сум се вратила незадоволна. Пред да се одлучам за одмор, проверувам на интернет какво е сместувањето и локацијата“- вели Бојана А. од Обреновац.

Таа вели дека во секое годишно време преку оваа понуда може да се најде добра опција за одмор.

Објаснува дека летува за двојно пониска цена преку “last minute”.

Преку „ultra last minute” аранжманите за Сицилија наместо за 480 се продаваат за 80 евра, што е многу поволно.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“