26 Април, 2024
0.0273

Постојано доцните за работа? Еве како да ја промените оваа лоша навика!

Објавено во: Стил 03 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Според студија на сајтот CareerBuilder.com 29% од вработените во САД доцнат за работа најмалку еднаш месечно, а 16 отсто - секоја недела. А има и неколку вакви, за кои доцнењата се секојдневие. Најчестите причини се успивање, метеж, лошо време или доброто старо будење наутро.

Се разбира, честите доцнења се универзален проблем кој не е забележан само кај Американците. Ако и вие го имате, овие неколку совети ќе ви помогнат да го надминете.

Обезбедете си повеќе време. Ако постојано доцните, планирајте да сте насекаде 15 минути порано од определеното време. Значи ако се случи нешто необично или едноставно задоцните, доцнењето нема да е толку големо.

Тоа што пристигнувате порано на работа, не значи дека треба веднаш да се зафатите со обврските. Дајте си неколку минути да позборувате со колегите или да пиете кафе. Потоа ќе почне да работите многу посмирени и концентрирани.

Бидете флексибилни. Секое утро заглавувате во ужасен метеж? Прашајте го шефот дали е подготвен да доаѓате малку подоцна, како и да останувате до подоцна на работа. Или пак останете да работите од дома еднаш неделно.

Размислете каква е вистинската причина што постојано доцните. Можно ли е да ви недостасува мотивација? Да ви е преку глава оваа работа и потсвесно да сакате да ја напуштите? Или пак атмосферата е непријатна? Одговорете си на овие прашања за да дознаете дали сте на вистинскиот професионален пат.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти