19 Мај, 2024
0.0312

Постоловска: Загриженоста поради инфлацијата граѓаните да ја прифатат како реалност, а не како лична закана

Објавено во: Македонија 02 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Бранот поскапувања кој ја зафати Македонија ќе се одрази и на психолошката состојба на граѓаните, посебно на оние кои и претходно едвај врзувале крај со крај.

Психологот Јаворка Постоловска вели дека во услови на инфлација, граѓаните ќе мора да се откажат од некои свои планови и задоволства со цел да ги подмират егзистенцијалните потреби.

„Секако дека ќе се одрази врз психата на луѓето помалку или повеќе во зависност  од самата структура  на личност, возраст или социјална категорија. Сигурно ќе доведе до покачена анксиозност и страв за начинот на живеење, реализирање на некои замислени планови или обврски кои се неодложни или можеби и од животно значење( лекување или слично.) Во склад со тоа, една од можностите за ублажување на овој продолжен стрес, голем дел од луѓето ќе бидат и приморани да кратат од некои секојдневни потреби или навики како патувања, одмори и слично како секундарна животна потреба, со цел  да се задоволат најприоритетните потреби. Најпогодени категории секако се оние без сигурни финансиски примања, невработени и со минимални примања, пензионерите и повозрасните лица кои не се во состојба да обезбедат дополнителни средства за пополнување на празнината направена со растечката инфлација, болни луѓе кои имаат задолжителни давачки за лекување“, вели психологот.

Додава дека граѓаните треба да ја прифатат реалноста, и да не ја доживуваат како личен пораз.

„Нема голем избор на начини за помош, а тој избор е поврзан со разликите  од  човек од човек како што кажав на почетокот. Единствено што е најлесно секој еден човек што се соочува со проблемот на загриженост поради инфлацијата е да го прифати како реалност, а не како лична закана со која индивидуално треба да се справува што може да предизвикува и чувство на намалена самодоверба. Многу битна работа е претходното искуство во справувањето со стресни состојби и покрај тоа што секој нов проблем си има и нови компоненти и последици, но сепак е битен  начинот на размислување, за да се сочува личноста од паѓање во депресија и откажување од борба и надеж, дека и тоа ќе помине како и претходни проблеми кои на почеток изгледаат заканувачки, а после со нивно прифаќање и живеење со нив, стравот спласнува. Ништо не е вечно, па ни нашите проблеми! И по најтемната ноќ, изгрева сонце!“, додава Постоловска.

Скокнаа цените на горивата и храната. Граѓаните се исправени пред ценовен шок, а наскоро ќе се зголеми и цената на струјата. Во маркетите веќе забележале дека повеќето граѓани ги купуваат само неопходните намирници.

Лекарот Ненад Лазаров кој истовремено е сопственик на приватната ординација „Медика Вера“ на својот Фејсбук профил сподели информации дека вчера до 8.30 часот издадени се 1.150 кутии дијазепам, а оваа бројка до 11 часот е зголемена на 6.200 кутии.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места