27 Април, 2024
0.0283

Потребна е поддршка за продолжување на програмите за намалување на штети од употреба на дроги

Објавено во: Мои пари 11 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

ХОПС апелира за поддршката од граѓаните за продолжување на програмите за намалување на штетите од дроги. Со потпишување на петицијата, граѓаните од целата држава ќе ја дадат својата поддршка за иницијативата на Здружението на граѓани, ХОПС за финансирање на овие програми од буџетот на Република Македонија.

Петицијата за потпишување е достапна на линкот, а истата ќе биде поднесена до Владата како и до Министерствотоза здравство. Со продолжување на овие програми се спасуваат многу животи, а финансиската оправданост е потврдена и низ бројки, велат од ХОПС.

Во државата активни се вкупно 17 програми за намалување на штетите. Нивната ефикасност и придонес кон подобрување на состојбите се гледа и од бројките, само 2 нови случаи на ХИВ како резултат на инјектирање дроги, во последниве десет години. Непреченото функционирање се покажа и како многу финансиски исплатливо. Затоа ги повикуваме граѓаните да се потпишат на онлајн петицијата, да ја дадат својата поддршка и со тоа да придонесат и самите за спасување животи и за намалување на негативните ефекти што произлегуваат од употребата на дроги“, изјавуваат од ХОПС. 

Со потпишувањето на петиција, како начин за пренесување на волјата на граѓаните, ХОПС ќе повика на донесување итно решение за обезбедување континуирана помош за граѓаните за превенцијата на ХИВ и за воспоставување соработка помеѓу Министерството за здравство и граѓанскиот сектор за донесување соодветни закони кои ќе гарантираат транспарентност, соодветна експертиза и долгорочна одржливост и развој на програмите за превенција на ХИВ.

ХОПС заедно со Платформата за одржливост на програмите за превенција и поддршка на ХИВ во која членуваат 16 здруженија на граѓани, иницираше кампањата „Со клучни одлуки до здрава заедница“ чија главна цел е одржливост на програмите за намалување штети од употреба на дроги во Македонија. Со кампањата се повикуваат носителите на одлуките за продолжување на проектите и програмите кои работат на превенција и унапредување на јавното здравје.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“