Потрошувачките кредити над 1,6 милијарди евра, а станбениот бум не спласнува
Објавено во: Економија 22 Август, 2020
Растот на издадените станбени кредити остана стабилен и во услови на економска криза и пандемија. Според последните податоци од Народната банка во јули има раст на издадените станбени кредити за 14 проценти на годишна основа, додека месечниот раст изесува 1,7 проценти. Оваа категорија кредити заедно со потрошувачките растат и во текот и на оваа специфична година. Во седмиот месец продолжи месечениот пад на автомобилските и на негативните салда на тековни сметки.
Народната банка објави дека заклучно со јули годинава во потрошувачки кредити граѓаните земале од банките над 1,6 милијарди евра, додека вкупната сума на издадени станбени кредити изнесува 899 милиони евра.
Кај автомобилските кредити падот на
месечна е 1,2 проценти додека на годишна основа, 10,9 отсто. Негативните салда на тековните сметки бележат месечен пад за 3 проценти.