06 Мај, 2024
0.0244

Потврдено: Напаѓачот на џамиите во Нов Зеланд престојувал и во Хрватска

Објавено во: Свет 16 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Хрватското Министерство за внатрешни работи потврдило дека напаѓачот на џамиите во Нов Зеланд, Австралиецот Брентон Харисон Тарант (28) кон крајот на 2016 и почетокот на 2017 престојувал во Хрватска.

-МВР располага со сознанија за движењето на наведната личност на подрачјето на Република Хрватска во текот на декември 2016 и јануари 2017 година-потврдила портпаролката на МВР Марина Мандиќ. Како што пренесе хрватски Индекс, таа појаснила дека тој податок е утврден со увид во официјалната полициска евиденција.

Новинските агенции претходно објавија дека се истражуваат контактите кои Тарант „можеби ги воспоставил“ во текот на посетата на југоисточна Европа, кога според податоци од бугарските разузнавачи поминал низ Србија, Босна и Херцеговина , Црна Гора и Хрватска.

Taрант, обвинет дека убил најмалку 49 луѓе и ранил уште десетици во две џамии во новозеландски Крајстчрч , објавил и видео снимка од нападот во кој може да се слушнат српски националистички песни од деведестите години. На своите пушки имал напишани имиња од историски личности и места од Бугарија, Србија и Црна Гора.

Можеби ќе ве интересира

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра